Дескоска расчистува правни дилеми: Собранието е конституирано, течат роковите за Влада

Дали тече рокот од 10 дена за доделување на мандат за состав на Владата? - Да. Мандатот на пратениците, согласно Уставот, тече од конститутивната седница. Не може пратениците да имаат мандат во неконституирано Собрание. Собранието е веќе конституирано на конститутивната седница, прецизира Дескоска која во последната Влада раководеше со министерството за правда

ДКСК: Наводите за номинирање на Дескоска во Венецијанската комисија се неосновани

Според правилата на Советот на Европа и Венецијанската комисија, членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата во која работат, туку делуваат исклучиво во свое име, а согласно правилата за спречување судир на интереси, не учествуваат во расправата и одлучувањето за прашања кои се однесуваат на државата од која се номинирани, истакна претседателката на Државната Комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска

Дескоска: Јас и пратениците од СДСМ нема да се јавиме за збор за Законот за ЈО

Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е, меѓу другото, триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до три часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку осум часа дебата по нашите говори, објави министерката за правда

Нова средба за законот за ЈО: Опозицијата не отстапува од барањата

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат за прифаќање на сите забелешки на експертите кои учествуваа во јавната расправа, министерката за правда, Рената Дескоска им возврати да се посветат на подготовка на амандмани ако сметаат дека се потребни измени во текстот на законот

Камбовски: Законот за ЈО мора да се донесе, ако треба нека се одложат и изборите

Јавната расправа за законот за јавно обвинителство која предизвика големо внимание кај стручната и академската јавност. Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески ги повика пратениците да ги изгласаат предложените решенија кои, според него, ја зацврстуваат самостојноста на јавните обвинители во постапувањето

Дескоска: Законот за ЈО не предвидува апсолутен трансфер на обвинителите од СЈО

Шансите за донесување на законот за јавно обвинителство зависи од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ, доколку државните интереси за евроинтеграција ги стави пред интересите на одредени нејзини партски членови за кои се водат постапки во редовното обвинителство, а беа почнати од Специјалното јавно обвинителство, изјави министерката за правда

За забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици по изборите

Искрено не верувам дека процесот околу забелешките би завршил пред изборите, бидејќи, сепак, треба да се направи сериозна анализа на она што е предложено, дали тоа значи промена на закон, дали тоа значи создавање на одредени услови. Така што тоа најверојатно ќе остане за после изборите, истакна министерката за правда, Рената Дескоска