НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарка: Црвена звезда против Будуќност за титулата во АБА лигата

0
By Нова ТВ on April 2, 2018 СПОРТ
Фото: aba-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кошаркарите на Црвена звезда ќе играат четврто финале во низа во АБА лигата. Белграѓани го совладаа Морнар со 88:69 (по четвртини: 26:19, 26:18, 16:19, 20:13) за конечни 2:1 во полуфиналната серија подобар од три со што обезбедија пресметки со Будуќност за тронот во регионалното натпреварување.

„Црвено-белите“ се трикратни освојувачи на АБА лигата и од самиот почеток на сезоната во секоја прилика истакнуваа дека одбрана на титулата и пласман во Евролигата за сезоната 2018/19 се основни цели на екипата.

Полуфиналните судири со тимот од Бар ги почнаа со стил. Лесно го добија првиот со 91:63 по што Морнар возврати на домашен терен со 88:84 и се избори за „мајсторка“. А, во неа шампионот беше подобар ривал во најголем дел, покажа решителност да не препушти ништо на случајот и покрај заканите на Црногорците, особено во третиот период во кој и успеаја да стопат дел од предноста на „црвено-белите“.

Лидер во победничката екипа беше Огњен Добриќ со 19 коша, Тејлор Рочести постигна 18, Ален Омиќ 11, а двоцифрен беше и Матијас Лесор со 10 поени. Најефикасен, пак, на средбата беше гостинскиот кошаркар Немања Врашен со 21 поен.

Пласман во финалето веќе имаше обезбедено Будуќност чии играчи беа подобри во полуфиналната серија со Цедевита, исто така, со 2:1.

Според пропозициите, шампион во АБА лигата ќе биде онаа екипа која ќе стигне до три победи во мечевите за титулата. Финалната серија ќе започне на 9 април, а останатите термини во неа се 10 април и 12 април и доколку биде потребно 13 април и 15 април. Домаќин во двата воведни меча ќе биде Црвена звезда по што серијата ќе се пресели во Подгорица. Евентуалниот петти натпревар ќе се одигра во салата „Александар Николиќ“ во Белград.

 

АБА лига Будуќност кошарка финале Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.