НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рамковни вработувања: 90 отсто согласни да заминат во јавниот сектор

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деведесет проценти од вкупно 958 лица вработени по Рамковен договор, опфатени со првата фаза за прераспределба во државните институции веќе ги потпишале решенијата, а од Владата очекуваат решенијата да ги потпишат и останатите 10 проценти.
Доколку не го сторат тоа наскоро, тие ќе бидат ставени на трансфер листа за втората фаза за кога е предвидена прераспределба на останатите од вкупно 1.600 вработени по овој основ.

Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа на денешната прес-конференција посочи дека од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, тие се систематизираат во други институции каде според анализата и планот на Секретаријатот, правичната застапеност не е на потребното ниво.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со распределбата на овие вработени завршува процесот на вработување по основ на Рамковниот договор и правичната застапеност, Хоџа посочи дека откако ќе се заврши оваа обврска, ќе има нови огласи за вработувања доколку во одредени институции правичната застапеност не е исполнета.

Најголем број од административците кои биле вработени од 2008 до 2015 година од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и кои не доаѓале на работа, а земале плата, во најголем дел ќе бидат распределени во Министерството за внатрешни работи каде што се планирани да заминат 50 лица. 39 лица ќе добијат шанса да работат во Управата за јавни приходи, 30 во Царината, во Клиничката болница во Тетово 28, во Управата за водење на матични книги и во Јaвното обвинителство по 26 лица. Во Министерството за надворешни работи ќе бидат вработени 19, во Министерството за образование 17, во Министерството за финансии 16, во Министерството за животна средина 11.

Во Генералниот секретаријат на Владата ќе се вработат 5 лица, во Службата за општи и заеднички работи 3 лица и во ЕЛЕМ – 5.

Околу 20 лица ќе се вработат во меѓуопштинските центри за социјални работи во Гостивар, Скопје, Тетово, а дел  ќе најдат работа во скопските клиники – Нефрологија, Неврологија, Психијатрија, Радиологија, Кардиологија, Клиника за очни болести, за уво нос и грло ќе примат од еден до тројца административци.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски неодамна изјави дека при распределбата на овие лица се водело сметка за потребите на институцијата и професионалните квалификации на вработените.

За прераспределбата на административците вработени по рамковен договор, нема да има  нови трошоци од буџетот, вели Манчевски. Наместо платата да ја добиваат од  Секретаријатот за Рамковниот договор како што било досега, ќе бидат исплатувани од институциите каде што ќе бидат распределени.

административци Влада јавен сектор потпишани рамковни вработувања решенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.