Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фридом хаус“: Македонија – ослободување на заробената држава

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 11, 2018 16:26

Македонија, заедно со Естонија и Узбекистан, е посочена како светла точка во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на американската невладина организација „Фридом хаус“.

„Најголемата шанса за демократски напредок во Европа денес се наоѓа во Македонија. Иако мала земја, шансата е голема: успех во Македонија би значел крај на една деценија заробена држава и мирно решавање на билатералните спорови што го спречуваат политичкиот и економскиот напредок во регионот“, се наведува во извештајот.

Според „Фридом хаус“, промената на власта во Македонија во јуни лани овозможи да запрат годините на заробеност на државата и да почне решавањето на споровите со соседите.

„Променетата политичка клима што беше драматично потврдена на локалните избори во октомври, отвора можности новата Влада да ја спроведе ветената реформска агенда. Оваа година веројатно ќе биде тест за заложбите на СДСМ и ДУИ за реформи. ВМРО-ДПМНЕ, која на крајот на минатата година реши да го бојкотира Парламентот, исто така може да има решавачки придонес во реформскиот процес. Нормализацијата на параламентарната работа со целосно учество и на власта и на опозицијата, ќе биде клучно прашање во 2018“, се вели во извештајот.

Покрај ставањето крај на заробената држава од страна на претходните власти предводени од ВМРО-ДПМНЕ, прв клуч на успехот за коалицијата предводена од СДСМ, укажува „Фридом хаус“, е решавањето на прашањето за името со Грција што понатаму ќе го отвори патот до членство во ЕУ и НАТО и ќе и даде голем меѓународен поттик на земјата.

„ Ако се реши прашањето со името, тогаш почнува тешката работа. Ќе биде тешко за новата коалиција да ги размонтира клиентелистичките мрежи на ВМРО-ДПМНЕ изградени во текот на годините, а тоа ќе биде уште потешко заради борбата против злоупотребите во своите редови. Новата Влада заслужува силна поддршка од САД и ЕУ, вклучително и притисок кон Грција за решавање на прашањето со името и поддршка за болниот процес на ослободување на заробената држава“, се нагласува во извештајот.

„Фридом хаус“ како земји во кои е забележано најголемо назадување во изминатата година ги издвојува Полска, Унгарија и Србија

демократија Извештај Македонија напредок светла точка Фридом хаус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.