Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Секогаш има рочишта кога се преговара за името

0
By Нова ТВ on April 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 12, 2018 13:45

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по завршувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“, изјави дека секогаш има судења кога се преговара името со Грција.

„ И денеска како што можевте да забележите на електронските агрегати тема број еден е „Титаник“, а тема број два е името. Минатиот пат кога имавме рочиште за „Титаник“, имаше преговори за името во Виена, денеска има преговори во Охрид. Па, сега вие заклучете што е една од главните цели на овој процес“ изјави Груевски денеска пред новиот Кривичен суд каде се одржуваше рочиштето за предметот „Титаник“ во кој покрај него се обвинети уште 20 лица за десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.

Адвокатот Еленко Миланов на почетокот на денешното рочиште побара изземање на судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев и од овој предмет, бидејќи, како што кажа, повикувајќи се повторно на интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во кое таа кажала  дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во „бомбите“. Тој побара да се провери дали судиите Ставрев и Шабани биле прислушувани за што, како што рече, досега не добил одговор од СЈО .Судијата Осман Шабани изјави дека барањето на адвокатот ќе го проследи до Апелацискиот суд.

Претходно другиот адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов, даде приговор до судијата Осман Шабани дека камерата со која се снима рочиштето не ги опфаќа сите обвинети во судницата, па, како што рече, видеозаписот нема да биде целосен.

Судењето за случајот „Титаник“ на СЈО во Кривичниот суд Скопје ќе продолжи на 26 април.

Сите обвинети во случајот „Титаник“, Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, беа присутни на денешното рочиште.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

 

 

Никола Груевски спор за името судења
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.