Министерството за образование и наука го осудува инцидентот со ученичките кои брутално се тепаа во дворот на „ОУ гоце Делчев“ во Неготино.
Министерката Рената Дескоска вели дека случајот е пријавен во полиција и очекува дека брзо ќе биде расветлен инцидентот.
Во меѓувреме просветен инспектор е во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца.
На видеото што беше објавено на социјалните мрежи се гледаат две девојчиња како тепаат своја соученичка во дворот на училиштето.
Според директорот, Петар Мантев децата што тепаат всушност биле проблематични и за нив претходно имало изречени мерки.
– Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица, нагласи Мантев.