Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, кој треба да биде новиот државен секретар, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун,објави весникот Вашингтон пост.
Според информациите, состанокот, кој наводно е подготовка за директни разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким, се одржал околу 1 април, изјавиле неименувани официјални претставници.
Медиумите коментираат дека сега се дознало кој бил тој висок функционер.
Но, овој неочекуван и таен состанок ќе го одбележи највисокото ниво на американскиот контакт со Северна Кореја од 2000 година.