НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вуцис: Во интерес на Грција е да се најде заемно прифатливо решение

0
By Нова ТВ on April 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис смета дека заемно прифатливо решение за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба, е во интерес на Грција.

Како што јавува МИА, Вуцис во својот говор по повод промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, во просториите на Стопанската комора во Атина, се задржал на шест точки изразувајќи ги неговите расмислувања во однос на прашањето за името.

„Во интерес на нашата земја е да се реши прашањето врз база на заедничко и заемно прифатено решение за севкупна употреба, со уставна регистрација на името и со еден широк договор што ќе потврдува, ќе гарантира и ќе охрабрува една нова ера во односите на народите, не само во економијата, туку и во сите прашања што ги засегаат“, рече Вуцис.

Претседателот на грчкиот Парламент смета дека изнаоѓањето решение е важно не само за Скопје туку и за Атина, но од различни причини. Тој додава дека сега веќе на сите им е јасно дека беше изгубено драгоцено време во минатото.

„На почетокот, грчката страна не работеше на сложено име, а подоцна, тогашната власт во ПЈРМ започна со постапки со јасна националистичка димензија што упорно имаа за цел регистрирање на името на земјата како Македонија“, истакна претседателот на Парламентот на Грција.

Никос Вуцис изразува убеденост дека доколку решението е во рамките на грчките позиции, тогаш ќе биде поддржано од мнозинството политички сили во грчкиот Парламент.

„Мојата политичка проценка е дека доколку во Парламентот дојде за ратификација договор врз основа на повторените јавни ставови и обврзувања од страна на премиерот, но и од министерот за надворешни работи, ќе се најде, преку расправа, една широка политичка поддршка“, смета претседателот на грчкиот парламент, пренесува МИА.

Позициите на официјална Атина ги повтори и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за за грчката телевизија Скај.

Според Катругалос прозорецот на можност е отворен, но додава оти топката е на страната на соседната земја, и ако излезе во пресрет ќе има договор.

„Сакаме комплетно решение за да не се создаде одново проблем во следната деценија и сакаме решение што ќе има карактеристика на трајност и затоа е потребна промена на Уставот. Доколку другата страна се одзве на ова, ќе имаме договор, ако не, нема да имаме. Топката, јасно дека е на нејзина страна“, вели Катругалос.

Тој коментира дека не станува збор за лесни преговорите, тоа е нешто што го знаеле уште од почеток, а изрази надеж дека на крај ќе се постигне договор.

„Постои напредок, не постои слика дека стигнуваме до ѕид и дека за она што го предлагаме не се разговара. Постојат разговори, во доста точки остануваат на почетните позиции, во други точки се поместуваат. Се надеваме дека на крај ќе можеме да имаме еден взаемно корисен договор“, рече Катругалос

Во меѓувреме дел од грчките медиуми пишуваат дека на 25 април ќе се одржи нова средба во Виена на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц.

Датумот се споменува во новинарските кругови во Грција, но засега нема ниту официјална потврда, ниту демант.

Грчкиот информативен портал Ин, пишува дека новата средба се планира под голема тајност, но индиректно ја поврзува и со изјавата на Коѕијас за радиото 247 дека не може да се постигне договор до јулскиот НАТО Самит.

„Многу веројатно е новите разговори да се однесуваат на временскиот период, нешто што се спомена и по средбата во Охрид“, пишува Ин.

грчки позиции Јоргос Катругалос Никос Вуцис решение спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.