Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повлечен и безопасен – кој е Алекс Минасијан, напаѓачот од Торонто

1
By Нова ТВ on April 24, 2018 СВЕТ
Алек Минасијан, напаѓачот од Торонто
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 24, 2018 15:23

Напаѓачот кој со комбе усмрти десет лица и повреди најмалку 15 луѓе во предградие на Торонто е идентификуван како Алек Минасијан, 25-годишен студент за кој колегите велат дека го знаат како повлечен и безопасен.

– Не беше друштвен човек, но колку што се сеќавам беше сосема безопасен, изјави Шерин Чами, негова поранешна колешка од одделот за лица со посебни потреби во средното училиште Торнлиа кое го завршил.

Негов друг колега кој одел на некои часови со него, Ери Блаф во разговор за Би-Би-Си исто така го опиша како осаменик.

– Никогаш не сум го видел со пријатели. Мислам дека не беше премногу друштвен, вообичаено го гледав сам во ходниците или во мензата, изјави Блаф.

Во канадскиот образовен систем терминот „специјални потреби“ се однесува на лица кои имаат тешкотии во учењето, бихевиорални тешкотии како и физички недостатоци.

Официјални лица соопштија дека тој не и бил познат на полицијата од претходно.

До неговата Фејсбук страница не можело да се пристапи преку интернет страницата, но според верзијата до која можело да се пристапи преку интернет архива, тој бил студент во колеџот Сенека од 2011 до април 2018 година, училиштето Торнлеа го завршил во 2011 година, а како стручно познавање навел развој на софтвер.

Според пост од септември 2013 година, тој почнал да работи во Центарот за развој на отворена технологија на колеџот Сенека и објавувал информации за својот напредок во развојот на софтвер се до март 2014 година. Андроид продавницата на Гугл нуди апликација за паркинг која ја направил некој што се вика Алек Минасијан.

Американските медиуми претходно јавија дека Минасијан се наоѓа во притвор, а денеска треба да се појави пред суд кога ќе биде објавено и обвинението против него. Се истакнува дека се уште не е познато дали влетувањето во луѓе било намерно или се работи за возачка грешка. Еден од сведоците на нападот со комбето рекол дека возачот не изгледал дека се труди да запре.

– Ако беше несреќа, тој ќе запреше. Меѓутоа, тоа лице само продолжи да вози по тротоарот. Можеше да запре, изјави сведокот Питер Канг за ЦТВ Њуз.

Друг медиум пренесе изјава на еден од полицајците од местото на инцидентот дека се уште не се знае зошто комбето ги удрило пешаците.

На видео снимка која ја емитуваше Си-Би-Си се гледа маж кој има вперено предмет кон полицаец кој му вика да легне додека тој му повторува „убиј ме“.

Полицијата соопшти дека изнајменото бело комбе од фирмата „Рајдер“ пешаците ги удрило на крстосницата меѓу улицата Јонги и Авенијата Финч, а на телевизиските снимки беше емитувано укажувањето помош на повредените кои лежеа на тротоарот.

Алек Минасијан напад Торонто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.