Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ обвинува за политички прогон на обвинетите за 27 април

0
By Нова ТВ on April 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 27, 2018 18:59

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Никола Попоски рече дека 27 април лани е датум кој не може да биде запаментен по позитивно и истакна дека не смее да се оправда никакво насилство.

-27 април не може да биде запаметен по било што позитивно. Мора да имаме ист аршин во оценување на прекршоците , било да се однесуваат на физичко насилство кое никој разумен  човек не може да го оправда и мора заедно да го осудиме, било да се работи во делот на прекршување на процедури и закони кои не може да донесат ништо ново на патот кон ЕУ, рече Попоски во изјава по повод годипнината од крвавиот четврток.

Од ВМРО ДПМНЕ во соопштението како реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери наведуваат дека една година после 27 април, СДСМ и ДУИ профитираа, а државата и граѓаните губат секојдневно.

-Отворање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. На државен трошок се врабоуваат синови, ќерки, сопрузи и други блиски и далечни роднини на функционерите од власта. Растот на БДП за минатата година беше бетониран на нула, за разлика од сите земји во регионов и Европа, кои ја искористија поволната економска клима. Задолжувањето го проби плафонот, а капитални инвестии нема ни за лек, се наведува во партиската реакција.

Од партијата повторуваат дека обвиненијата за овие настани се „монтирани и политички“.

Од партијата додаваат дека ниту Игор Дурловски е терорист, ниту пак Борис Дамовски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Митко Чавков или пратениците се терористи, дека обвинението против нив е политичка конструкција за да се покрие силувањето врз уставот, и бараат политичкиот прогон да запре, а власта да покаже интерес и да поведе истрага кои се луѓето под оружје што беа подготвени да пукаат во граѓаните кои со денови мирно протестираа.

-Оперски пејачи се прогласуваат за терористи, а никој не прашува кој ја даде наредбата и зошто токму во време на протестите беше донесена одлука да се реализира неуставниот избор за претседател на Собранието? Никој не спроведува истрага кои се тие вооружени групи во Чаир и во околината на Скопје, кои биле подготвени да тргнат кон Собранието? Под чија команда биле? Дали имале намера да пукаат во насобраните граѓани? Дали непостапувањето на институциите против нив, значи дека некој сеуште сака да ги има под контрола и да ги повика на оружје доколку почувствува потреба?, се вели во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ.

 

ВМРО ДПМНЕ. 27 април Никола Попоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.