Премиерот Зоран Заев вели дека нема опструкции од коалиционите партнери за влез на нови партии во власта. Вели дека, генерално, сите се позитивни за зголемување на парламентарното мнозинство.
-Ја сакам овие денови да привршуваме со оваа тема. Секако сите се во очекување на предлозите кои пред се произлегуваат од мене, а потоа ќе се изјаснуваат политичките партии. Ако успеме да ги номинираме сите предлози, на преземање одговорност во одредени ресори , јавни институции и слично, веројатно ќе им треба неколку дена да донесат одлуки на своите органи и тела. Но се надевам дека во најмала рака, ако не со сите партии, барем делумно со некои ќе успееме, изјави денеска Заев.
Во игра се двете крила на БЕСА и ДПА, со чии пратеници парламентарното мнозинство ќе се зголеми за седум пратеници.
Во БЕСА на Билал Касами ги чекаат предлозите на премиерот, по што за нив ќе треба да се изјаснат и партиските органи. Пред извесно време Гаши изјави дека Заев ќе мора да избере меѓу него и Касами, затоа што не сака внатрешните проблеми да ги донесат и во владата. Мендух Тачи, досега ниту еднаш не се произнесе во јавност околу понудата и тој да влезе во власта.