Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата и НВО не се согласуваат околу реализацијата на Планот 3-6-9

0
By Нова ТВ on May 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 3, 2018 12:52

Реализацијата на Планот 3-6-9 е задоволителна. Од вкупно 130 активности исполнети се 78, односно 60 отсто, седум активности се делумно исполнети, 14 се неисполнети, додека 30 се немерливи, покажуваат последните наоди за реформската агенда од Планот 3-6-9 на Владата што денеска ги претстави Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“, „ИДСЦС“ во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Проектниот координатор при „ИДСЦС“ Зоран Нечев посочи дека е потребно да се забави со носењето реформи и да се насочи кон нивна соодветна имплементација.

„Заклучокот од нашата анализа е дека Планот задоволително ги следи препораките на Прибе, а забележлива е ниска усогласеност со клучниот стратешки документ кој ги вклучува усогласувањето на националното законодавство со европското“, изјави Нечев.

Посочи дека статистички најголем процент од неисполнетите активности припаѓаат на системските реформски закони во делот на правосудството за чие усвојување е потребна поддршка од опозицијата.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи рече дека Планот 3-6-9 ја постигнал суштината и ја вратил земјата цврсто на евроатлантската патека.

„Имам дилеми во однос на статистичкото мерење на Планот поради разликите во мерките и нивната тежина. Имате различна методологија во мерењата од нашата, според која ние имаме 94 отсто реализација. Сепак, најважно е дека земјата е стабилизирана“, рече Османи.

Тој нагласи дека Владата е подготвена Планот да го издигне на надпартиско ниво.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние рече дека Планот 3-6-9 на краток рок не излегол од шини, но имало забавување, за кое верува дека се должи на политичката култура на обвинувања.

„Политичкиот систем не функционира добро, опозицијата се повлече од Собранието и се носеа забрзано закони. Во една модерна демократија опозицијата не треба да биде надвор. Амандманите не треба да се гледаат како средство за саботирање и треба да се прифатат и разгледуваат“, рече Тимоние.

Лукаш Холуб од Делегацијата на ЕУ изрази надеж дека ова ќе биде последната препорака од ЕУ за почеток на преговори.

„Не се работи за влез во ЕУ, вие веќе сте во Европа. Потребна е промена на начинот како се прават работите и тоа е суштината. Не се работи за закони, туку нивната имплементација“, рече Холуб.

Ова е трет Извештај за реализацијата на владинот План 3-6-9 изработен од Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“, „ИДСЦС“ во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.

 

НВО План „3-6-9“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.