Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како МНР купувало амбасади: Милиони за дивоградби и руинирани згради

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 9, 2018 14:38

Поранешното раководство на Министерството за надворешни работи со мрежа од соработници го злоупотребило државниот буџет за купување на објекти во неколку држави за отварање на дипоматско-конзуларни претставништва, обвини на прес конференција државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Серија пропусти, незаконитости и потрошени огромени средства од државниот буџет, се утврдени од увидот во документацијата за купување дипломатско-конзуларни претставништа на Република Македонија во странство во изминатите десетина години.

Димовски посочи дека со одлука на Влада од 2007 биле одобрени 40 милиони евра за купување 15 дипломатски-конзуларни претставништа, а со ребаланс на буџетот уште 10 милиони евра.

Купени се пет објекти во Будимпешта, Прага, Истанбул, Љубљана и Виена во 2007 година. Со одлука на тогашниот министер за надворешни работи биле формирани две комисии што ги спроведувале набавките.

– Од увидот е констатирано дека двете комисии работеле само формално, односно доминирало влијанието на претседателот на една од комисиите. Сите купени објекти се наоѓаат на локации во кои нема амбасади. Исклучок е Прага каде прв сосед ни е амбасадата на Северна Кореја. Објектите се далеку од останатите ДКП-а и од центарот на градот, односно во обични резиденцијални квартови. Тоа укажува и на можноста дека реалната цена во времето кога биле купени била пониска од таа што е платена, изјави Димовски.

Во цените, според Димовски биле вклучени непотребни реконструкции, а биле наведени и реконструкции кои некогаш не се случиле.

Биле фаворизирани несоодветни и поскапи објекти иако имало понуди и за поквалитетни објекти, со поголема квадратура и на репрезентативни места. Правени се непотребни реконструкции и адаптации на објектите, и тоа неквалитетни, а скапо платени материјали.

Димовски како пример го посочи објектот во Виена за кој се платени 3,5 милиони евра со агенциска провизија од 105 илјади евра и реконструкција која достигнала 1,4 милиони евра.

– Има индиции дека продавачот на објектот само пред една година платил 1,46 милиони евра. Утврдено и е дека фирмата била формирана со единствена цел да го изврши тоа продавање на објектот. Една адвокатска канцеларија била застапник и на продавачот и на купувачот РМ, кажа Димовски.

 

 

Втор пример е објектот во Будимпешта кој е во опасност да се урне бидејќи била направена неквалитетна доградба и се создало свлечиште. Македонија од 2010 година за резиденција и за амбасада до денес плаќа закупнина и покрај купен објект од милион и 70 илјади евра, рече државниот секретар во МНР.

Во Прага, пак, купениот објект бил дивоградба, а надлежните власти донеле одлука за негово уривање затоа што бил изграден спротивно на чешките закони.

Димовски нагласи дека за купување на објектите била воспоставена мрежа на странски адвокати, странски компании и странски лица со седиште во Будимпешта, Виена, Прага, Вилнус, Лондон, а веројатно и во други центри кои ги координирале своите активности со комисијата за купување на објектите. Договорените решенија и биле наметнувани на комисијата која потоа ги предлагала до Владата, потпишани од тогашниот министер за надворешни работи.

Во повеќето договори доминира името на еден сопственик на фирми од босанско потекло, а во сите адвокатските услуги е вклучена адвокатската канеларија „Д-р Фехер и партнери“ на адвокатот Ендре Фехер.

– Постојат индиции дека кабинетот на поранешниот претседател на Владата и поранешниот генерален секретар на Владата постојано и во детали биле информирани за сите постапки. Врз основа на сето ова има индиции дека се направени сериозни нарушувања на постапките и процедурите за купување на објектите поради што се исплатени огромни суми со што е нанаесена директна штета од поголем обем на буџетот на РМ. Сите овие наоди ќе бидат доставени до надлежните институции за натамошно постапување, рече Димовски, додавајќи дека се уште не е точно утврдено колку точно средства се потрошени за купување на овие објекти.

амбасади Виктор Димовски МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.