НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даути и Беќири од ДПА во Влада, Беса вечерва одлучува за министрите

1
By Соња Петрушевска on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Заев ќе се проширува со министри од ДПА, Беса на Гаши и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам кој нема да добие министерско место, туку функција во пониските ешалони на извршната власт.

Предлогот за реконструкција на Владата се очекува до крајот на неделава да биде испратен во Собранието. До тогаш партиските органи на новите владини партнери ќе треба да го верификуваат изборот на кадри кои ќе бидат предложени за членови на Владата на Заев.

ДПА на Централното претседателство одлучи да ги номинира Бардил Даути, професор по економија на Тетовскиот Универзитет, за министер за инвестиции и д-р Митасим Беќири за заменик министер за транспорт. Беќири е професор по казнено право и казнена политика на ФОН.

Даути беше и пратеник во Собранието, но поднесе оставка кога се кандидираше за градоначалник на Тетово. Тој доаѓа на местото на Рамиз Мерко кој беше избран за градоначалник на Струга. Заменик министер за транспорт беше кадар од Алијансата на Алабнците на Села, која ја напушти Владата.

Лидерот на партијата Мендух Тачи, против кого СЈО го води предметот „Титаник 3“ за изборни неправилности, нема да биде член во Владата.

За понудата од Заев вечерва ќе заседаваат Централното претседателство и одборот на крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши. На заседанието на партиските тела ќе се разгледува понудата од премиерот Заев –  за министерско место во култура или во образование и за едно заменичко. И на двете министерски места е кадар на СДСМ.

Како најсериозен кандидат за министерската позиција од БЕСА се споменуваше пратеникот Зекирија Ибраими но официјално од БЕСА демантираат дека е донесена ваква одлука. Премиерот Заев денеска не сакаше да зборува кои министри од СДСМ може да бидат сменети и дали ќе има рокада со ДУИ за министерските позиции во образование и правда.

„Не би сакал да зборувам додека се уште не заврши процесот на одлучување – не сакам да си играм со судбината на луѓето кои и служат на државата“, рече Заев. Тој ги коментираше и изјавите од ДУИ дека Али Ахмети, а не премиерот, одлучува кои министри од ДУИ ќе се менуваат и рече дека тој како мандатар го има последниот збор.

„Како мандатар сум овластен да предлагам, да разговарам со политичките партнери. Секој во своите редови преговара, но на крајот конечниот предлог е на премиерот. Процесот на одлучување е сѐ уште во тек. Сакам да бидам внимателен и веднаш штом ќе бидат познати ќе ѝ соопштиме на јавноста – рече Заев.

Деновиве се очекува да има средба меѓу СДСМ и ДУИ за да се договори поделбата и на заменичките позиции кои беа на членови на Алијансата на Албанците. Неофицијално ДУИ бара нејзин кадар да биде избран и на раководна позиција во  Министерството за здравство, каде и министерот и заменикот се на предлог од СДСМ.

По изборот на новите министри и заменици министри ќе следуваат и смени на директори на институции, претпријатија и фондови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.