НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сослушани двајца обвинети во повтореното судење за „Монструм“

0
By Нова ТВ on May 16, 2018 ПОЛИТИКА
Обвинетите од „Монструм“ (ФОТО: Академик)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фејзи Азири, кој е четвртообвинет во случајот „Монструм“ за транспортирање на двајцата главни обвинети во Косово сведоечеше три часа во Судот.

Азири рече  дека по излегувањето од притвор се сретнал со Али Ахмети, а телефонски разговарал со Невзат Бејта, Жика Стојановски, Изет Меџити. Со нив разговарал за партиски работи и за доделување на субвенции за земјоделство.

На денот на масакрот кај Смилковското Езеро, тој рече дека  бил кај познајник кој му должел пари. Обвинителите на СЈО Фетаи и Бубески забележаа дека Азири се сеќава на се што правел на денот на убиствата, но е конфузен за 26 април таа година кога пребегнале Алил Демири и Африм Исмаиловиќ – тој е обвинет дека им помогнал на првообвинетите да избегаат од Македонија.

Азири рече дека тој ден заедно со уште едно лице товареле трупци кои требале да ги превезат за Брест.

Пред Азири, исказ даде Агим Исмаиловиќ, кој рече дека неговиот брат Африм Исмаиловиќ е во Косово.

– Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку Вибер – рече тој.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи која е точната адреса и каде точно се наоѓа неговиот брат Африм Исмаиловиќ, обвинет во оваа постапка кој се бара по потерница, Агим рече дека тој живее во Приштина, дека адресата не ја знае, но дека косовската полиција има точни податоци и многу добро знае каде живеат и неговиот брат Африм како и обвинетиот бегалец Алил Демири.

Фото:Мета
Фото: Мета

По завршување на денешното рочиште, обвинителката Фетаи рече дека од анализата на доказите кои темелно ќе бидат отворени и разгледани во судницата, ќе зависи дали СЈО ќе го преквалификува кривичното дело и дали ќе има нови обвинети. Од прашањата што ги поставуваа обвинителите на СЈО, денеска беа задоволни адвокатите и на обвинетите и на оштетените.

„Двајцата обвинети беа испрашувани темелно и во детали, што нам како одбрана ни одговора бидејќи ние сакаме да се стигне до вистината “ рече адвокатот на обвинетите Насер Рауфи.

И адвокатката на оштетените Дафина Ивановска рече дека се надева судскиот процес да заврши до крајот на годинава, бидејќи веќе се закажани нови рочишта.

„ Обвинителството поставува многу прашања кои ќе помогнат да се пополнат празнините во овој процес. Со прашањата се донесуваат заклучоци согласно кои излегува дека сегашната одбрана е дадена на поинаков начин од претходно “ рече Ивановска.

Следното рочиште е закажано за 23 мај, кога ќе бидат сослушани другите двајца обвинети.

Азири Монструм Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.