Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралиски свештеник осуден за прикривање педофилија

0
By Нова ТВ on May 22, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 22, 2018 09:28

Австралискиот суд го прогласи католички свештеник Филип Вилсон за виновен за прикривање на сексуална злоупотреба на деца во 1970-тите.

Вилсон, надлежен за Аделаида, е најстариот католик во светот кој ќе биде обвинет и осуден за делото.

Според пресудата тој го прикрил сексуаалното злоставување на момчиња од свештеникот Џејмс Флечер од Нов Јужен Велс, осуден за педофилија.

За време на судењето, Вилсон негирал дека жртвите му кажале за злоставувањето.

Во изјавата издадена од црквата, Вилсон вели дека е “разочаран” од пресудата и ќе ги разгледа неговите правни опции.

Минатиот месец, Вилсон во локалниот суд во Њукасл изјави дека немал сознанија за постапките на свештеникот Џејмс Флечер, кога бил помошник свештеник во Мејтланд.

Флечер подоцна беше осуден по девет обвиненија за сексуална злоупотреба на деца во 2004 година, а почина во затвор во 2006 година.

Една од неговите жртви, Петар Кери, пред судот сведочеше дека детално му ја опишал злоупотребата на Вилсон во 1976 година, пет години откако се случила.

Судијата изјави дека е уверен во изјавата на Кери и ги отфрли тврдењата на Вилсон дека тој не се сеќава на разговорот, со образложение дека Кери преку сведочењето се потврдил како кредибилен сведок.

Според судијата, свештеникот знаел дека “она што го слушал е веродостојно тврдење, а обвинетиот сакал да ја заштити Црквата и нејзината репутација”.

Жртвите на сексуалната злоупотреба се задоволни пресудата. Дел од нив тоа го прославија пред судската зграда.

-Се надевам дека одлуката ќе го разоткрие лицемерието, измамата и злоупотребата на моќ и доверба што ја покажа црквата, изјави за новинарите Кери.

Казната на Вилсон ќе му биде соопштена во јуни. Тој се соочува со максимална казна затваор од 2 години.  максимум двегодишен затвор.

Адвокатите на Вилсон се обидоа четири пати да го  одложат судењето, откако на 67-годишниот му била дијагностицирана Алцхајмеровата болест.

 

Вилсон Педофилија црква
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.