Published: Wednesday, May 30, 2018 10:06
Формирањето на преодна италијанска влада која би ја сочинувале независни технократи е одложено откако мандатарот Карло Котарели вчера не му го претстави списокот на министри на претседателот Серџо Матарела.
Котарели, поранешен претставник во ММФ кој важи за застапник на политиката на штедење, денеска треба повторно да се сретне со шефот на државата.
Тој треба да биде на чело на владата до предвремените избори, најверојатно во септември годинава. Матарела му го довери мандатот, бидејќи пропадна обидот на популистичките партии да формираат влада.




