НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавен огласот за привремен состав на ДИК

0
By Нова ТВ on June 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска е објавен оглас за нови членови на Државната изборна комисија (ДИК), чиј мандат ќе биде шест месеци.

Ова ќе биде привремен состав на Комисијата, бидејќи до есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое ќе биде опфатен и составот на ДИК.

Одлуката за распишување на огласот Собранието вчера ја достави до Службен весник, а се однесува на избор на претседател, заменик-претседател и петмина членови на Комисијата. Огласот трае осум дена од денот на објавување во Службен весник.

По завршувањето на огласот собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да подготви предлог листа.

Претседателот на Собранието ги известува партиите што освоиле најмногу гласови на последните избори во рок од три дена од денот на приемот на известувањето да му достават предлог за членови на ДИК.

Претседателот на привремениот состав и двајца членови на ДИК ќе треба да го делегира опозицијата, а партиите на власт да предложат потпретседател и тројца членови.

Членовите на ДИК ќе ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Кои се критериумите

Лицето кое ќе биде избрано за член на ДИК треба да е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да има завршено високо образование со најмалку осум години работно искуство и да не е член на орган на политичка партија.

На избраните претседател, потпретседател и членови на Комисијата од денот на изборот работниот однос ќе им мирува.

Засега нема информации кој ќе биде во составот на ова привремено изборно тело. Партиите се уште не ги соопштуваат можните кандидати кои би ги поддржале, ниту, пак, има информација, каква ќе биде поделбата на местата кај владејачките партии на Албанците ДУИ, Беса и ДПА. Но, реално е дека до крајот на јуни Македонија ќе има нов состав на ДИК.

Освен за избори Државната изборна комисија е надлежна и за организирање референдуми и јавни изјаснувања, а клучна е исто така за мандатите на пратениците, градоначалниците и советниците во локалните самоуправи.

За ваквото решение за шестмесечен привремен состав на ДИК беа согласни сите парламентарни партии и измените на Изборниот законик, во делот на ДИК беа донесени едногласно. 

Инаку, членовите на последниот состав на ДИК си поднесоа оставки, со исклучок на претставничката од Беса, откако во јавноста беше обелоденето дека земале големи надоместоци. 

Дик оглас привремен состав на ДИК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.