Властите во Гватемала денеска објавија дека како последица на ерупцијата на вулканот Фуего во неделата, досега загинале најмалку 75, а над 192 лица се исчезнати.
Околните села се буквално затрупани со вулканска пепел и кал.
Спасувачката акција вчера била прекината поради нова ерупција на вулканот, кој исфрлил жежок гас и растопени карпи по јужната страна на вулканот.
Повеќе од 1,7 милиони луѓе досега се погодени од ерупцијата, а над 3.000 се евакуирани.
Вчерашната експлозија предизвика големо изненадување откако вулканолозите изјавија дека во блиска иднина не треба да се очекува реакција.
Еди Санчез, шеф на Националниот институт за сеизмологија во Гватемала, рече дека “ерупција во текот на следните неколку дена не треба да се очекува”.
Зошто толку многу жртви во првичната ерупција
Речиси 200 луѓе се уште се водат за исчезнати, објави новинската агенција АФП, цитирајќи ја Агенцијата за помош при катастрофи во Гватемала.
Пред ерупцијата во неделата не било објавено предупредување за евакуација, вели шефот на агенцијата, Серџо Кабањас. Тој додавтуацииа дека локалните жители имале обука за вонредни си, но не можеле да ги спроведат, бидејќи иницијалната вулканска активност се случила премногу брзо.
Опасноста допрва претстои
Експлозијата во неделата создала пирокластични текови – мешавини на многу топол гас и вулканска материја – кои се спуштаат по падините, кои се опасност за селата Ел Родео и Сан Мигел Лос Лотс.
Вулканологот Жанин Крипнер вели дека не треба да го потценуваат ризикот од пирокластичните текови и вулканските поплави, познати како лахари.
-Фуего е многу активен вулкан, има депонирано доста лабава вулкански материјал и е во области на поројни дождови, така што кога обилните дождови ќе почнат да паѓаат, ќе ги измиваат овие излеања кои се крајно опасни и смртоносни, вели таа.