Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Докторатот на Рашковски не е одбранет, но биографијата е точна

0
By Соња Петрушевска on June 6, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 6, 2018 16:20

Два дена откако во јавноста се откри дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски нема два доктората како што навел во својата биографија, податоците на сајтот на Владата не се сменети. Таму и натаму пишува дека Рашковски на „Правниот факултет се стекнал и со два доктората насловени: „Остварување на формите на непосредна демократија со помош на информатичката технологија“ и „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација“).

Од Владата денеска изјавија дека „Рашковски одбранил еден докторат и уште еден му бил завршен и поради ова нема неточни податоци на сајтот на Владата“.

Но, со ова од Владата само потврдија дека податоците што ги навел Раковски не се точни -дека вториот докторат не е одбранет и не може да го презентира официјално во својата биографија. Конечно, ова го кажа и самиот тој  во изјава за медиумите, но одби да коментира зошто го сторил тоа, зашто според него тоа било приватна работа.

„Тоа е приватна работа и не е поврзана со мојот ангажман. Секогаш приватниот живот го држам на страна. А мојот докторат, и едниот и другиот се готови“ изјави Драги Рашковски за Слободен печат.

Изнесувањето на лажни податоци, во секој случај ја нарушува довербата во јавноста, дури и кога се работи за податоци за кои вика Рaшковски се „приватна работа“. И покрај фактот дека овие податоци не можеле да влијаат врз неговото вработување, бидејќи се работи за именуван функционер, за кој не е важно  дали има докторат, сепак останува прашањето зошто политичарите имаат потреба да изнесуваат податоци во јавноста со кои сакаат да ја разубават својата биографија.

Сличен е примерот и со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски кој на јавна сцена изјави дека бил ангажиран како советник во Кабинетите на Груевски и Димитриев про боно, за  потоа да се открие дека сепак наплатувал за својот советнички ангжаман и тоа по 1100 евра месечно, или вкупно 20 000 евра.

Потегот на ВМРО ДПМНЕ  да го оправда лидерот со документи за ангажман на Мицкоски како надворешен советник за друг период е само продолжување на обидите за замајување на вистината и на јавноста.

д-р Ило Трајковски

„Таква е климата во политиката. Тие меѓусебно се селектираат со критериуми кои само  тие ги разбираат и ги почитуваат – не е битно да си чесен, да си поштен туку мегусебе да се лојални“ коментира професорот на Филозофскиот факултет д-р Ило Трајковски за НОВА ТВ, за причините зошто се изнесуваат невистини во политиката.

Пи-ар експертот Петар Арсовски додава дека „политичарите најчесто имаат  погрешна претпоставка  дека лагата ќе ги чини помалку од вистината и втората причина е зошто се надеваат дека нема да ги фатат“, вели тој за НОВА ТВ.

Во Македонија сите лажат за своето образование и социјален статус, но посебно лажат политичарите  кои мислат дека ќе се извлечат со изнесената лага, смета Арсовски.

Петар Арсовски

„Политичарите забораваат дека ние сме целосно интегрирано дигитално општество  и не постои податок кој го нема и не може да се провери“ вели Арсовски, и ги потсетува политичарите  дека  сега „има портали и сервиси за факти кои ги проверуваат сите нивни изјави и изнесени податоци“.

И кога ќе се апсолвира ова прашање, останува дилемата за одговорноста. Во дел од европските земји има и позитивни примери кога политичарот понел одговорност за искажаната невистина. Последен ваков случај  беше со министерот за надворешни работи на Холандија Халбе Зијлстра , кој поднесе оставка еден ден откако призна дека во 2016 година лажел дека присуствувал на состанок во 2006 со рускиот претседател Путин.

Во политичката култура во Македонија ретки се примерите кога политичар или функционер се извинил или се повлекол поради лажна изјава. Но затоа досегашното искуство покажува дека политичарите се одлучуваат да тонат се подлабоко во лагите – да се влезе во нова лага за да се покрие претходната. „Во пи – ар теоријата пишува дека во првиот момент кога ќе видиш дека нешто ти носи штета, признај и почни да се извинуваш“, ги советува Арсовски политичарите.

Тој очекува јавноста во Македонија, посебно младата генерација да стане се помалку толерантна кон лажењето и се построга кога станува збор за одговорност на политичарите кои биле фатени дека не ја зборуваат вистината.

 

 

 

доверба докторати јавност Мицкоски невистини политичари Рашковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.