НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жители на Тимјаник: Децата со попреченост подалеку од нашите деца

5
By Менче Атанасова Точи on June 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жителите на село Тимјаник на крајот од денешниот протест против изградбата на Центар за ресоцијализација на деца со посебни потреби, не се согласија ниту со изградба на ваков центар во селото, ниту пак со градинка за која што тврдеа дека е причината што не сакаат ваков објект.

Еден од нив се обиде во името на сите жители да се пазари и ја понуди својата нива надвор од селото за да се изгради таму центарот.

-Ќе ви дадам хектар во нива да изградите објект таму. Мене дедо ми ми ја дал таа нива јас ќе ви ја дадам на вас, не барам надомест, за да не се мачиме – рече тој.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која дојде во селото да ги слушне причините за негодувањето, одговори дека домот мора да се изгради во населено место, во близина на роднините на децата со попреченост.

-Она што го нудите е нива надвор од селото, на маргините, идејата на оваа програма, е да биде блиску до сите нас, рече таа.

На ова, жителите побараа премиерот Зоран Заев да дојде лично тука да разговараат со него. Велат дека се изиграни и го прашаа претседавачот на Советот на Општина Неготино Диме Витанов зошто сега зборува едно, а пред 24 часа им кажувал друго.

 

Во изјава за новинарката на НОВА тој кусо рече дека не му е познато што се правело претходно и дека во целиот процес е вклучен откако почнале протестите.

НОВА неофицијално дознава дека градоначалникот на општина Неготино,Тони Велков испратил писмо до премиерот Заев во кое му кажува дека не е добра идејата во Тимјаник да се гради ваков центар.

Тој денеска не беше присутен ниту на отворањето на овој центар во Неготино, ниту на протестот во селото Тимјаник. Како што рече, Витанов градоначалникот бил на службен пат.

Министерката Царовска, во селото беше пречекана со многу свирежи, со обраќања на висок тон, со закани. Протестот беше под силно полициско обезбедување.

Жителите беа собрани на сред село, а со министерката дојдоа да разговараат во дворот на училиштето каде што таа им објасни зошто се гради центарот и зошто децата се префрлуваат од Заводот во Демир Капија во Тимјаник. Тие рекоа дека тоа не им е објаснето, односно дека никој не ги известил. Се слушнаа многу закани и извици: „Зошто од заводот ги иселувате децата, што им недостасува таму?“.

Но имаше и исклучително навредливи обраќања изјави како: „И нашите деца покрај нив ќе станат нездрави“, „Ако фрлаат со камеа по напите деца ќе мора да ги тепам, а не смеам?“, рече една од жителките на Тимјаник.  Друг побара одговор, за што се подготвува објектот во Демор Капија.

Министерката им објасни дека условите таму се лоши . Таа им посочи дека ова ќе биде дом каде ќе се ресоцијализираат, ќе одат во црква и им вети дека ќе добијат градинка за нивните деца во соработка со МОН.

Жителите исто така и рекоа на Царовска дека се револтирани, зошто на социјалните мрежи ги направиле „фашисти“ и  дека „живеат во гето“. Рекоа дека немаат ништо против такви деца, но од друга страна цело време на протестот истакнуваа дека не сакаат нивните деца да бидат во нивна близина.

-Нашите деца играат тука на сред село сами, слободни, а сега  им ја одземете слободата, ќе мора да бидат со придружник. Што ќе се случи ако некое дете фрли камен по нив или ги нападне, рече една од присутните.

-Училиштето е во непосредна близина, а нашите деца не смееат да ги гледаат тие деца, изјави една од присутните жени, а на новинарско прашање, зошто, одговори дека „тоа ќе било стресно за нив“.

Жителите на Тимјаник првично настапија со ставот дека во Центарот кој е во тек на изградба нема услови, а тракторите кои секојдневно собираат грозје ќе им пречат на децата. Но потоа тие настапија со многу обвинувања и навреди.

-Тие деца не се здрави се соблекуваат голи и ќе излегуваат надвор да ги плашат нашите деца, рече еден од жителите и истакна дека нема да дозволат на сред село да постои ваков центар, туку дека може само надвор од селото.

Во еден момент тие се заканија дека од септември нема да ги пуштаат децата на училиште.

– Сменете ја одлуката за пренамена на објектот. Ова ни беше гром од ведро небо. Никој ни на сон не можел да сони дека ова ќе се случи во нашето село, рече еден од жителите, на што министерката ги потсети дека основното образование е задолжително и дека треба да размислат за ваквата одлука.

 

Потоа тие реагираа зошто само кај нив се гради ваков цетар, на што министерката им наброја уште неколку места каде вакви центри ќе се изградат се до завршување на процесот на ресоцијализација се додека сите деца не се префрлат од Демир Капија. Центарот се гради и веќе е во завршна, така да за неколку дена во него треба да бидат донесени четирите деца кои се неподвижни. За нив е обезбедена 24 часовна грижа и нега за која нема доволно услови во Заводот во Демир Капија.

По она што се случуваше во Тимјаник пред очите на целата јавноста, на тимот од Министерството за труд и социјална политика му се јавил градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, кој понудил овој Центар да биде сместен таму.

протест Тимјаник Царовска Центар за деца со посебни потреби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.