Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брза помош пристигна пред Судот за сведок во „Монструм“

1
By Нова ТВ on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 12, 2018 11:51

Денеска во Кривичниот суд продолжи доказната постапка за случајот „Монструм“. Сведочеше Ахмет Беќир кому му се слоши и интревенираше Брзата помош.

Судијата Огнен Ставрев даде пауза и побара од присутните да ја напуштат салата.

Претходно, сведокот Беќир неколкупати се пожали дека е стар човек и дека не може да се сети што точно се случувало на 12 април 2012 година. Тој беше предупреден и од судијата Ставрев и од обвинителката Фатиме Фетаи дека мора да ја зборува вистината.

Обвинителката Фатиме Фетаи  го праша сведокот Беќир што е точно – дали тоа што го зборувал пред истражниот судија во 2012 година или тоа што го зборува денес на ова рочиште. По ова, Беќир  се сети дека на 12 април 2012 година видел човек со автоматска пушка кој нему и на тројцата другари со кои ловел риби им ја опцул мајката и им се заканил дека ќе ги убие ако не се тргнат од местото. Исто така, Беќир  денеска кажа дека тој и тројцата негови другари дента на 12 април 2012 отишле на Смилковското еезеро меѓу 9 и 10 часот наутро, но пред истражниот судија пред 6 години кажал дека отишле да ловат риби околу 16 часот.

Контрадикторен беше и исказот на Беќир дека не може да се сети како изгледал човекот што им се заканувал дека ќе ги убие, но точно знаеше да каже дека во раката имал автоматска пушка.

Тој денеска изјави дека на 12 април слушнал еден истрел, а во истрагата  пред 6 години сведочел дека слушнал два истрели.

Во моментов возилото на Брзата помош се уште е пред Кривичниот суд од каде треба да биде изнесен сведокот Беќир.

 

брза помош Монструм сведок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.