Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Република Северна Македонија ги отвора вратите за ЕУ и НАТО

0
By Соња Трајковска on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 12, 2018 19:38

 

Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба, а ќе се регулира со амандман во Уставот, потврда на македонскиот јазик во ОН,  македонски/macedonian, без фусноти, граѓани на Република Северна Македонија/ citizens of Republic North Macedonia.

Ова е договорот постигнат во повеќемесечните преговори меѓу македонската и грчката влада, чии главни точки денеска на прес конференција ги соопшти премиерот Зоран Заев.

Со договорот се регулира и внатрешната употреба на новото име. Како што појасни Заев, тоа ќе почне да се користи со членството во НАТО, а во однос на ЕУ, со отворањето на секое поглавје од преговорите, не подоцна од пет години од потпишувањето.

-Решаваме две и пол децениски спор кој земјата ја влечеше надолу. Со ова решение, го јакнеме македонскиот идентитет. Нема веќе ФИРОМ, туку име кое е достоинствено и географски прецизно, а ќе се прецизира со амандман во Уставот, рече Заев.

Во однос на придавката македонски, Заев рече дека таа останува во имињата како што се МАНУ или македoнска Влада, а ќе се замени онаму каде што имињата го содржат уставното име: Влада на Република Северна Македонија.

Тој информираше дека ќе дојде до промена на ознаката на регистарските таблички на возилата, наместо МК – НМК, а остануваат да важат кодовите МК и МКД.

Договорот исто така ја регулира и заштитата на малцинствата. Заев по ова прашање рече дека тоа ќе биде унифицирано како во европското законодавство, односно Македонија ќе го следи европската пракса за грижа за дијаспората, што подразбира заштита на малцинството, доволно заштитнички, а притоа без да иритира било кој од соседите.

Договорот ќе биде проследен до сите релевантни институции во државата, по што ќе биде потпишан  од премиерите на двете држави, а потоа и ратификуван.

Заев рече дека потпишувањето најверојатно ќе биде во деновите од петок до понеделник, но местото иако се споменуваше Преспа, се уште не е дефинирано.

На прашањето, [то доколку претседателот на државата и оппзицијата не го поддржат договорот, тој рече дека политичарите мора да се поклонат на она што ќе го кажат граѓаните.

-Сите ќе ги кажеме своите ставови, но за вакви историски работи да оставиме шанса на успешен референдум. Ако граѓаните гласаат „за“ и конечно Макеоднија да ги отвори вратите, ние политичарите моќе да се поклониме и да го испочитуваме тоа, рече Заев.

Кои се чекорите

Процедурата според она што го предвидува Договорот, е понатаму Грција да испрати писмо  до генералниот секретар на НАТО дека веќе нема спор и нема пречки за да добиеме покана за членство  во НАТО. Грција ќе испорати писмо и до претседателот на Европскиот совет дека нема пречки и дека пропорачуваат да добиеме датум за почеток на преговорите.

Заев како што рече, уверен е дека на 28 јуни ќе има одлука за почеток на преговорите, а во јули покана за членство во НАТО.

Со договорот се гарантира дека на есен ќе има референудм за граѓаните да одлучат.

-Ова е вистинското решение, до кое стигнавме преку посветен, одговорен и патриотски ангажман за успех на нашите граѓани, а гласот на граѓаните ќе биде конечен, изјави Заев.

Според Заев се уште не е утврдено дали тој ќе биде советодавен или обврзувачки, но во секој случај, како што рече гласот на народот е обврска за секоја власт.

Откако ќе се потвдри на референдум, Грција кон крајот на годината во Парламентот ќе го ратификува договорот и протокол за НАТО, со што како што рече Заев се става печат за партнерство и пријателство што ќе бидата гаранција за НАТО и ЕУ и за напредок.

-Со решавање на прашањето за името стануваме членка на НАТО. Македонија еднаш засекогаш е на мапата на стабилни и развојни земји, рамо до рамо со западните партнери, гаранција за стабилност и безбедност, правна држава и еднакви шанси за сите наши млади и нема да има потреба за пасоши од други држави, рече Заев.

Заев истакна дека решавањето на ова прашање не било лесно, но земјата има лидерство кое исчекори напред.

-Нема веќе простор за празни зборови, се изгубија и се изродија генерации, во услови на неодлучност и себични калкулации. Немаме  генерации за губење. Затоа повикувам на граѓанска одважност, обединување околу врвните државни приотети: Претседателот  на државата, ппозицијата и сите политички субјекти да дадеме поддршка за прогрес на нашата земја. Да за македонската иднина, рече Заев на прес Конференцијата.

Тој најави дека овој Договор в четврток ќе биде презентиран на Владата.

-Ни претстои да испишеме ново поглавје. Новиот Илинден ги повикува сите да бидат дел од иднината. да кажеме Да на македонската иднина, рече Заев.

Договор со Грција Заев прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.