Рочиштето за „Тортура“ денеска повторно беше одложено, овојпат поради болест на обвинетиот Филип Атанасов.Неговиот адвокат Љупчо Шврговски достави писмена лекарска потврда од здравствената установа „Медикал сапорт“ со вчерашен датум во која пишува дека обвинетиот има висока температура и вироза.
Судијката Александра Ристевска опомена дека ова ќе биде последно одложување и најави дека од наредното рочиште ќе ја раздвојува постапката доколку некој е болен затоа што, како што кажа, тоа е од интерес на обвинетите, оштетениот, обвинителите, бранителите и судиот.
Новиот термин е 9 јули.
На рочиштето присуствуваa оштетениот Љубе Бошкоски, првообвинетиот Сашо Мијалков како и обвинетите Новица Станковски, Петар Милошевски и Јован Гоцевски.
Претходното рочиште беше одложено поради болест на третообвинетиот Новица Станковски, за што одбраната и тогаш достави медицинска документација.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.