Со симболичен потег на премиерот Зоран Заев кој му ја подари својата вратоврска на грчкиот премиер Алексис Ципрас, заврши церемонијата на потпишување на Договорот за решавање на спорот за името. Откако завршија со говорите и Договорот беше потпишан од министрите за надворешни работи, премиерот Заев се доближи до грчкиот премиер, го прегрна и му ја подари својата вратоврска.
Алексис Ципрас ја зеде и ја стави во џебот, но еврокомесарот Јоханес Хан ја стави вратоврската во џебот од сакото на Ципрас како украсно шамивче.
Грчкиот премиер Ципрас никогаш не носи вратоврски, дури ни на вакви свечени церемонии.