Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Браќа Манаки: Нека биде светлина!

0
By Нова ТВ on September 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 15, 2013 10:25

Под мотото „Пушти ја светлината“, вечерва во Битола со проекција на најновиот македонски игран филм „Соба со пијано“ на Игор Иванов-Изи започна 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

На црвениот тепих пред Домот на културата во Битола продефилираа авторите и актерите од новиот домашен филм „Соба со пијано“, гостите и учесниците на фестивалот, кој ќе трае до 20 септември. Последните два фестивалски дена гостинка на фестивалот ќе биде водечката француска и европска актерка Изабел Ипер, добитничка на две кански „Златни палми“.

„Животот е убавина, но ние стоевме цврсто на земјата за да го подготвиме годинашното издание на фестивалот“, рече директорката Лабина Митевска и додаде дека мотото на фестивалот ја слави светлината бидејќи без неа не можеме да живееме.

Таа ги најави членовите на жирито во официјалната натпреварувачка програма, предводено од шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин, годинашен добитник на „Златната камера 300“ за животно дело, и жирито на програмата „Нови визии“, предводено од македонскиот режисер Антонио Митриќески.

Претседателот на македонската асоцијација на филмски професионалци, Горјан Тозија, ја додели нововоспоставената награда за животно дело на режисерот Кирил Ценевски, истакнувајќи дека со ова се исправа една децениска неправда нанесена на авторот на култниот македонски филм „Црно семе“.

Претседателот Иванов му ја додели наградата за животно дело „Златна камера 300“ на кинематограферскиот маестро Алкаин, човекот зад камерата во филмовите на Педро Алмодовар, Брајан де Палма и десетици други врвни европски и светски автори.

– Нека биде светлина – посочи Алкаин, примајќи ја наградата.

Годинешното издание ќе понуди 74 филмски наслови од светската и од македонската кинематографија. Меѓу нив има четири премиери, потоа два кандидата за „Оскар“, голем број наградувани филмови на светските фестивали, познати автори и филмски таленти.

Првпат за публиката ќе бидат прикажани и „Барајќи ја среќата“ на Марија Џиџева за ергените од Битолско кои бараат невести во Албанија и „Слатки“ на еден од најинтригантните израелски режисери, Јосеф Пичадѕе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.