НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Одговорноста за пропуштените шанси е огромна

1
By Соња Петрушевска on June 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Ако не ми беше мирна совеста, немаше да го потпишам Догвоорт и немаше денеска да бидам овде пред вас, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров пред членовите на Комисијата за европски прашања на која се дебатираше за Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција.

Димитров кажа дека e очигледно зошто Предлог – законот е предложен по скратена постапка, кога остануваат уште само неколку дена до Советот за општи работи на министите за надворешни работи што ќе се одржи во вторник во Луксембург, а до тогаш треба да биде ратификуван Договорот во Собранието.

Европското знаменце е затоа што со оваа Спогодба се обидуваме да ја отвориме вратата која со години беше заклучена, кажа Димитров.

-Не исклучувам дека во минатото сме можеле да добиеме и подобри решенија, но огромна е одговорноста зошто не сме загризале. Резултатот е изгубена генерација. Одговорноста за пропуштените шанси е огромна, додаде Димитров.

Спогодбата не е совршена и идеална, туку е израз на компромиси меѓу двете страни. „Кога опозициите во двете држави велат дека е срамна и капитулантска, тоа укажува дека се работи за компромис, рече Димитров.

Со Договорот, објасни Димитров, Македонија го зачувува идентитетот, а Грција ја доби дистинкцијата меѓу регионот Македонија и Република Македонија.

Опозицијата не беше на седницата на Комисијата за европски прашања, но Димитров упати и порака до нив.

-Раководството што не пикна во дупка и ни ја направи работатата уште потешка, не само што не помага, туку и одмага. Што правеа толку години, кој им бранеше да го отворат процесот? Тогаш, патот кон ЕУ беше и многу поасфалтиран од сега, но на што мислеа тие? Не пикнаа во дупка и сега кога излегуваме на површина, чесно е барем да не одмагаат, кажа Димитров.
Димитров на седницата говореше еден час и ги објаснуваше и сите дилеми во јавноста во врска со Договорот. Го нарече „одговорност и патриотизам“. 

Официјално име ќе биде Република Северна Македонија.

– Дали ова значи менување на името или додавање на одредница, праша Димитров и додаде „Северна е географска одредница, придавка пред именката Македонија“.

Во однос на опфатот на името, Димитров кажа дека „без ова прашање ќе немавме спогодба“ и дека името и опсегот секогаш биле поврзани.

Државјанството или nationality ќе биде Македонско/граѓани на Северна Македонија.

 

За целиот договор, како што рече, народот ќе се изјасни на рефрендум, на кој граѓаните сами ќе се определат за својата иднина.

-Во минатото, за митологијата ја жртвуваме реалноста, сега ја жртвуваме митологијата за реалноста, рече Димитров.

Предлог- законот за ратификација на Договорот со Грција беше изгласан на Комисијата за европски прашања, а потоа и на Комисијата за законодавство.

Утре Договорот ќе се најде на ратификација и пред пратениците во Собранието, по што се очекува Грција да испрати известување до ЕУ дека повеќе нема пречки земјава да добие датум за отпочнување на преговорите.

Претходно денеска, со 69 гласа За, пратениците гласаа, овој предлог закон да биде донесен по скратена постапка. Четириесет пратеници беа против. ВМРО ДПМНЕ соопшти дека нема да учествуваа на оваа седницата на која ќе се расправа за ратификацијата на Договорот.

Димитров Договорот со Грција Комисија за европски прашања ратификација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.