НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО Велес: Родителите ги заклучиле трите малолетни деца и излегле

0
By Нова ТВ on June 21, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: СДК.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која денеска животот го загубија три малолетни деца, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија, во врска со вчерашниот пожар во Велес, во кој изгореа три малолетни деца од 1, 2 и 4 години.

Ова се наодите на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес кој вчера попладне извршил увид на местото на трагедијата. Ќе се врши обдукција на телата на починатите деца и ќе се проверуваат трагите земени од самото место за да се утврдат причините за пожарот.

Во соопштението од ОЈО не се исклучува и евентуална кривична одговорност.

Живееле од собирање шишиња, без вода и струја

Трагедијата се случи вчера попладне во трошна куќа над последните куќи под ридот Вршник во високиот дел на Велес, која се наоѓала во шума. Во неа живееле Никола Давчевски и Марина Антониевска, со трите малолетни деца и уште еден 19 годишен посинок. Тие биле социјално загрозено семејство. Во куќата живееле околу две години. Живееле од собирање и продавање пластични шишиња.

Кога се случил пожарот децата биле сами дома, родителите ги заклучиле во собата и излегле до продавница. Пожарот го пријавиле соседите околу 16 часот.

– Пожарот е пријавен од граѓани кај нас во 16:05 минути. Отидовме со противпожарното возило џип, а пожарот беше во трошната куќа која е на непристапен терен во шума во високиот дел од градот за последните куќи. Стасавме заедно со родителите кои биле да пазарат во продавница, а ги оставиле децата сами дома. Кровот беше паднат и ние гаснавеме заедно со нас беше и таткото. А кога изгаснавме мислевме дека децата избегале, но за жал најдовме склупчени во едно ќоше прво ги најдовме целосно задушени од огнот и изгорени – двете девојчиња на две и четири години, а потоа малку понатаму и најмалото едногодишно девојче. Глетката беше страшна. Во куќата немаше ни вода ни струја. Во куќата имаше многу пластични шишиња кои ги собирало семејството, а кое било социјално загрозено, изјави за МИА Љубчо Лепидовски командир на Територијалната противпожарна единица од Велес.

По увидот родителите се однесени на распит во полициска станица. Од обвинителството за денеска најавија првични сознанија за тоа што се случило во куќата, во која изгореа трите деца.

Од Министерството за труд и социјална политика денеска соопштија дека семејството било евидентирано во системот на Центарот за социјална работа во Велес и биле корисници на социјална парична помош.

Општината во соработка со Центарот за социјална работа се ангажирани за организирање на погребот за настраданите деца.

 

 

Велес пожат три деца
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.