Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нобеловецот Ферид Мурад во посета на родниот крај на неговиот татко

0
By Нова ТВ on June 23, 2018 КУЛТУРА
Фото: gostivarpress.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 23, 2018 15:33

Добитникот на Нобеловата награда за медицина Ферид Мурад, кој има потекло од гостиварското село Лакавица, денеска со потесното семејство престојуваше во Гостивар.

Нобеловецот Мурад Гостивар го посетува по третпат во својот живот, откако првшат пред две децении дојде во родниот крај на неговиот татко и се запозна со поблиските роднини. Вториот пат дојде кога во негова чест гостиварската болница беше именувана по него.

– Првпат дојдов тука со сопругата пред речиси две децении. Овој пат сме со семејството, две од моите деца и внуката Оливија на која и ветив дека  ќе доведам во родниот крај на мојот татко кога ќе стане полнолетна, рече Мурад.

Неговиот домаќин градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари изрази задоволство што за гостин го има овој истакнат научник и најави дека наскоро ќе биде покрената иницијатива за именување на улица во Гостивар во негова чест.

Фото: gostivarpress.mk

Ферид Мурад претходно беше прогласен за почесен професор на универзитетот „Мајка Тереза“ и доктор на науки. Такво признание му беше доделено и на Тетовскиот универзитет. Во скопската општина Чаир од вчера една улица го носи неговото име.

Доктор Ферид Мурад е роден 1936 година во американската држава Индијана како дете на иселеникот од гостиварска Лакавица, Џабир Мурад Ејупи и мајка Хенриета Џозефина Боумен, Американка. Медицински факултет завршил во Кливленд, Охајо каде и станал доктор на науки во 1965 година.

Долги години работел како универзитетски професор, а во 1998 година заедно со уште двајца научници Роберт Фечгот и Луис Игнаро ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина за „откривањето на улогата на азотен оксид како сигнален молекул во регулирањето на кардиоваскуларниот систем“.

Гостивар Ферид Мурад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.