-Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпатор кој нема легитимитет посебно кај Албанците да ја суспендира работата на Собранието кога целиот демократски свет го поздрави Договорот, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби.Според Груби, Иванов ги предводи малкумината кои се против евроатлантската интеграција на земјата.
Груби исто така кажа и дека предлогот за импичмент за Иванов е подготвен, но се чека „вистинскиот момент“ да го достават до Собранието.
Тој додаде дека се консултираат со повеќе правни и уставни експерти за да се избегне блокадата на Иванов, ако и по повторното изгласување, не стави потпис на Указот за прогласување на Договорот со Грција.