Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По втор пат ратификуван Договорот со Грција, Мухиќ гласаше воздржано

0
By Соња Петрушевска on July 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 5, 2018 13:03

Пратениците по втор пат го Ратификуваа Договорот со Грција, откако Претседателот на државата одби да го потпише Указот за прогласување на Законот. „За“ Договорот гласаа 69 пратеници, а независниот пратеник Ферид Мухиќ гласаше воздржано. Тој рече дека му е чест што е дел од коалиција која почитува различно мислење, а главната критика ја упати до светската јавност и до политичарите кои го подржале барањето на Грција да се промени  уставното име на земја која е членка на Обединетите Нации, што е во спротивност со Повелбата на ОН.

Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров одговори на сите 5 точки од писмото на претседателот Иванов во кое тој образложува зошто нема да го стави својот потпис на Договорот. Димитров кажа дека со Спогодбата не се загрозува македонската посебност, туку се зацементира. Тој одговори и на прозивките дека Владата нема надлежност да склучува Договори, туку дека тоа било обврска на Претседателот. Од независноста на Македонија, Собранието ратификувало 897 меѓународни договори, а само 5 биле склучени од Претседателот на државата – три Договори склучил  претседателот Глигоров и два претседателот Трајковски. Димитров го повика Иванов да не го крши Уставот и да го потпише Договорот со Грција.„ Како што идентитетот не се бранеше компромитирајќи го со антиквизацијата, така и Уставот не се брани со кршење“ рече Димитров.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ не беше на седницата. Тие денеска ќе поднесат кривични пријави  против власта за Договорот со Грција.

По повторното гласање, Договорот пак ќе биде испратен до претседателот Иванов кој според Уставот е должен да го потпише.

Договор со Грција Мухиќ пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.