Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омбудсман:Отворен предмет за малолетничката која го остави своето бебе

0
By Нова ТВ on July 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 10, 2018 15:41

Народниот правобранител по сопствена иницијатива отвори предмет по сознанија во медиумите за случајот со малолетничката која го остави штотуку родено детенце пред Домот за доенчиња  во Битола.

– Веднаш ги задолживме нашите службени лица во Оделението  за заштита на правата на деца и деца со попреченост, покрај писмените барања и информациии согласно надлежностите на народниот правобранител да  извршат службени разговори со Центарот за социјална  работа во Тетово од причина што јавноста беше информирана дека е утврден идентитетот на мајката, односно дека станува збор за  жителка на општина Тетово, изјави за МИА заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска.

Во телефонските разговори со надлежните, како што посочи таа, укажале на потребата од преземање мерки за стручно работење со малолетната мајка во насока на психолошка-социјална поддршка, да се направи проценка на нејзините капацитети со цел детето да биде со мајката, односно да се врати во семејството на мајката.

Според сознанијата што ги има Народниот правобранител, Центарот за социјална работа  работи на овој случај.

– Во МВР си води постапка соодветна за ваквиот случај, како и тоа дека се работи на утврдување на ДНК за  бебето и за мајката за да се потврди дека станува збор за истото бебе и за истата мајка која се породила  во Општата болница, вели Бајрамовска.

Народниот правобранител ќе постапува и кон Општата болница во Тетово, бидејќи се работи  за вонбрачно породување, дали го информирала Центарот за  социјална работа, ако го информирала кога е тоа направено и дали лице од Центарот бил таму.

– Бидејќи  доколу има таков контакт и таква комуникација помеѓу овие два органа во тој случај точно ќе се знае кога детето ја напуштило здравствената установа со мајката, каква беше желбата на мајката  дали да се грижи за детето или да го остави и каде е тука целата постапка соодветно покриена од страна на надлежните во Центарот за социјална работа и здравствената служба, односно социјалните служби во  Општата болница во Тетово, рече Бајрамовска.

Женското бебе, кое минатата недела беше оставено пред Домот за доенчиња во Битола беше пронајдено од 50-годишен битолчанец.

бебе малолетничка Дом Битола Народен правобранител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.