НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО бара затвор за Кочан и Авировиќ и конфискација на 17 милиони евра

0
By Нова ТВ on July 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство побара обвинетите Сеад Кочан и Василие Авировиќ да бидат прогласени за виновни во случајот Труст, а од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“ да се конфискува имот од 17 милиони евра. Кочан и Авировиќ се обвинети дека поднеле фалсификувани документи  за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, за да бидат конкурентни на тендерот на државната ЕЛЕМ за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Во завршните зборови обвинителот Гаврил Бубевски кажа дека доколку нема можност имотот да се конфискува од фирмите, конфискацијата да биде насочена кон основачите на фирмите.

„Дадовме алтернативно барање во смисла доколку за Трансмет имаме блокирано имот а за Силекс Неметали утврдивме дека нема имот и од нив не би можело да се конфискува. Доколку нема можност да се конфискува од Силекс Неметали, конфискацијата да биде насочена кон основачот, а тоа е РИК Силекс од каде би можеле да се наплатат овие 17 милиони евра“, изјави Гаврил Бубевски, СЈО.

На денешното рочиште, беше повлечено обвинението за фирмата „Вато ДООЕЛ“од село Батинци која беше дел од конзорциумот кој фиктивно го формирал бизнисменот Сеад Кочан.

Исто така, обвинителството посочи дека Сафет Васиќ, повеќе не е обвинет како извршител на сторено дело, туку ќе се води како помагач, бидејќи е утврдено дека извршувал само „помагачки дејствија“ и за него ќе се бара помала казна.

Одбраната своите завршни зборови ќе ги изнесе во понеделник.

Кочан Трансмет Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.