Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Про-руски бизнисмени финансираат насилни протести во Македонија

3
By Нова ТВ on July 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 16, 2018 12:25

Про-руски бизнисмени се обидуваат да ја спречат Македонија да се приклучи кон НАТО, така што финансираат насилни протести во земјава во пресрет на референдумот за името, изјавил премиерот Зоран Заев за БазФид Њуз. Заев тврди дека странци кои се поврзани со Русија, платиле илјадници долари за да се поттикне насилство со цел да се спречи Македонија да влезе во НАТО.

Заев рекол дека неговата влада добила повеќе извештаи дека „грчките бизнисмени” кои “се приврзаници на руската кауза” им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство” пред клучниот референдум оваа година, кој ќе утврди дали земјава ќе се приклучи на воениот сојуз.

Заев исто така вели дека на самитот на НАТО приватно побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да му помогне за референдумот со кој треба да се изгласа промената на уставното име. Македонскиот премиер побарал од Трамп „да и помогне на нашата држава да има успешен референдум, затоа што нашите граѓани имаат демократско право да ја искористат оваа можност за да одлучат каква иднина сакаат да имаат“.

Премиерот, одбил да именува кој стои зад плаќањата, наведувајќи ја тековната истрага и чувствителноста на дипломатските односи околу кандидатурата на земјата за членство во НАТО. Но, потенцира дека полицијата дознала за плаќањата откако биле притворени неколку учесници во насилните протести пред парламентот во јуни.

Како што пишува BuzzFeed News портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова засега не ги комнетирала изјавите на Заев.

Како што објави Фајненшел Тајмс викендов двајцата руски агенти кои беа протерани од Грција минатата недела, се обвинети дека преку бизнисмени се обиделе да  поткупат функционерите од локалната власт, православни свештеници, членови на културни здруженија и екстремно десничарските групи низ северниот дел на земјата, за да се вклучат во протести против Договорот потпишан меѓу двајцата премиери Ципрас и Заев минатиот месец.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.