НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата најде алтернатива за ДИК – лидерската е шанса за компромис

2
By Соња Петрушевска on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владините измени на Изборниот законик со кој се менува начинот на кандидирање и на избор на членови на ДИК, веќе се ставени на собраниската седница како 12 точка на Дневниот ред и ќе се гласаат по итна постапка.

Опозицијата гласаше „против“ и  ја повика власта да покаже политички разум и да ги повлече измените.

„Како сакате да учествуваме на референдумот кога ги менувате правилата пред гласање“, изјавија дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ.

Во собраниската полемика, власта ја прозва опозицијата дека тактизирала предолго време и веќе се прегазени сите рокови за избор на комисијата која треба да го спроведе референдумот.

„Од 2008 година, вие од ВМРО ДПМНЕ тврдите дека сте за референдум. Со блокирањето на ДИК, оневозможувате граѓаните да се изјаснат на рферендумот, ние тоа мора да им го овозможиме“, изјавија пратениците на СДСМ.

Потегот на Владата да поднесе по скратена постапка измени на Изборниот Законик е последен обид да се истурка изборот на членови на ДИК, доколку  опозицијата и на утрешната лидерска средба закажана за 18 часот, инсистира на договорот од март.

ВМРО ДПМНЕ бара составот на  ДИК да се избира откако ќе бидат  донесени Законот за финансирање на партиите и измените на Законот за Влада за  формирање на „ пржинска  влада“ како дел од пакетот закони што биле усогласени со власта, по што опозицијата  се согласи да се врати во Парламентот и да го прекине бојкотот. Не е исклучено, измените да бидат и повлечени, доколку се постигне договор на лидерската средба. Ова го најави и пратеникот од СДСМ  Томислав Тунтев кој рече дека „измените ќе се повлечат ако има договор со опозицијата на утрешната средба, како и портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прес конференцијата  претходно.

Од опозицијата нема најави дека може да се повлечат од нивните барања и да се даде предност на формирањето на ДИК.

„Ова е лош ден за демокатијата. Да предлагате измени на Изборен законик во ваква скандалозна постапка без учество на опозицијата е политичко неразумно и авторитативно однесување“ рече Драган Данев од ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери кажа дека иако ВМРО ДПМНЕ презеле обврска дека нема да го блокираат изборот на ДИК,го правеле спротивното.

„Собранието не може да биде заробеник на било која партија. Со тактизирањето околу изборот на ДИК се доведува во прашање правото на граѓаните да се изјасната на референдум“, рече Џафери.

Што се менува во Изборниот законик

Измените се однесуваат на неколку ставови во Членот 27 од Изборниот законик и тоа:

-Став 3 – целосно се брише

-Во Став 4 се брише „на прелог на листа“

-Во Став 5 се брише зборот „двотретинско“.

НОВА ТВ имаше увид во предложените измени.

Освен што се предлага да се смени потребното мнозинство за избор на членови на ДИК, во измените Владата предлага и нов начин на кандидирање на членовите на ДИК.

Според предлогот во Изборниот законик се брише точката која предвидува собраниската Комисија за именување да подготви предлог-листа на кандидати а кандидатите да се предлагаат директно на собраниска седница.

Во предлог-измените пишува дека на собраниска седница опозицијата треба да предложи претседател и двајца членови на ДИК а власта потпретседател и тројца членови на Државната изборна комисија.

Со измените се предлага изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК) да се избира со просто мнозинство од 61 пратеник, а не со двотретинско мнозинство како што беше до сега.

Измените на Изборниот Законик стигнуваат откако ВМРО-ДПМНЕ го услови изборот на членови на ДИК со усвојување на Законот за финансирање на политичките партии како и со формирање на техничка Влада.

Поради ова формирањето на ДИК за сега е блокирано. Рокот за избор на членови на оваа Комисија истече пред две недели.

Членовите на ДИК си дадоа оставки во декември лани, по што власта и опозицијата со консензус изгласаа измени на Изборниот Законик.

ВМРО ДПМНЕ побара, а власта се согласи претседателот на ДИК да биде предложен од опозицијата. Беше објавен и оглас на кој се пријавија 40 кандидати но не се состана комисијата за избори и именувања со која претседава Илија Димовски зашто власта и опозицијата не се договорија околу Пржинската Влада.

За референдумот да се одржи кон крајот на септември, одлуката за негово одржување, Собранието треба да ја донесе до крајот од месецов, а претходно треба да се избере и Државната изборна комиија.

Формирањето на ДИК е клучно затоа што ДИК е надлежната институција која што треба да го спроведе референдумот.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.