Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата со лидерската остава шанса опозицијата да престане со блокади

0
By Нова ТВ on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 17, 2018 15:06

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прес конферебнцијата денеска соопшти дека Владата одлучила да предложи измени на Изборниот законик како резултат на блокади од опозицијата на изборот на ДИК и со тоа и на одржувањето референдум на кој граѓаните треба да одлучат за иднината на земјата за членството во ЕУ и НАТО.

Владата како што рече Бошњаковски оваа одлука ја темели меѓу другото и на ставот на Венцијанската комисија во повеќето извештаи која предупредува дека ваквите блокади ги оневозможуваат инситуциите да ја остваруваат нивната уставна цел и ја поткопува демократијата.

-Начинот на кој се соочуваме со блокада на изборот на оваа ДИК е појава која е евидентирана во повеќе извештаи на Венецијанската комисија, каде јасно и недвосмиелсно се наведува дека потребата од избор или именување на членови на некое тело и носители на функции со квалификувано мнозинсвто не смее да се претвори во контарпродуктивен инструмент за блокирање на процесите за формирање на клучни институции на системот. Затоа што институциите кои не можат да функционираат не ја остваруваат нивната уставна цел и ја поткопувата демократијата. Клучно е да постојат механизми за откочување и надминување на вакви блокади со цел нормално одвивање на политичките процеси во еден политички систем, рече Бошњаковски.

Тој рече дека измените се однесуваат на неколку ставови во Членот 27 од Изборниот законик и тоа:

-Став 3 – целосно се брише

-Во Став 4 се брише „на прелог на листа“

-Во Став 5 се брише зборот „двотретинско“.

Бошњаковски истакна дека Владата нема да дозволи опозицијата да ги направи граѓаните на Македонија „заложници на партиски интереси“.

-Отсуството на одговорност кај опозицијата нема да дозволиме да биде пречка за изразување на волјата на мнозинството граѓани во земјава, која ќе биде изразена на слободен и демократски организиран референдум. Време е опозицијата да докаже дали навистина е за членство на РМ во ЕУ и во НАТО, рече владиниот портпарол.

Сепак, Бошњаковски потенцира дека уште една можност за консензус постои на утрешната лидерска средба, чие време на одржување и состав се уште не се утврдени, каде како што рече се очекува „опозицијата да покаже волја, конструктивност и да се надмине себе си во нејзиното политичко однесување и ќе заземе поинаков став против блокади, а со поддршка на стратегиските цели“.

Во спротивно, како што нагласи, измените на Изборниот законик кои се поднесени до Собранието, влегувата во процедура по скратена постапка.

На прашањето, дали пред Владата да одлучи да предложи вакви измени, разговарала со лидерот на опозцијата Мицкоски, Бошњаковски рече дека секојдневно упатувале апели преку медиумите, опозицијата одговорно да го заземе своето место, но, како што забележа, очигледно тие апели не вродија со плод.

 

Бошњаковски Влада измени Изборен законик прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.