Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово ги зголеми царините, Македонија ги анализира ефектите

1
By Нова ТВ on July 18, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 18, 2018 15:56

Министерствата за земјоделство и за економија, како и Царинската управа од македонска страна, работат на анализи на ефектите од времената мерка што ја воведе Косово и многу брзо ќе излезат со реакција за што ќе бидат известени и членките на ЦЕФТА.

Косово во петокот најави дека од утре стапува на сила одлука за 30% повисока царина за производи кои ќе бидат извезени во Косово. Мерката која има ваѓност до 19 октомври, според Владата во Приштина е да се заштити сопственото производство, а ќе се однесува на сите земји од каде увезува храна.

Според Министерството, одлуката на Косово  не е во согласност со заедничките цели дефинирани преку Берлинскиот процес: брз проток на стока и отстранување на царинските бариери.

– Активно се работи на заеднички меморандум за соработка меѓу македонското и косовското Министерството за земјоделство што треба да придонесе за олеснување на трговската размена меѓу двете земји, наведува МЗШВ.

Косово оваа година е претседавач со ЦЕФТА, а трите први приоритети во неговата Програма се олеснување на трговијата, хармонизација на ЦЕФТА пазарите со ЕУ и креирање регион без нетарифни бариери и мерки кои ја нарушуваат трговијата.

– Наша обврска е да ги заштитиме домашното производство и извозно ориентираните земјоделски производи. Очекуваме Владата на Косово да ги земе предвид придобивките од Берлиснкиот процес и низ една заедничка дискусија преку разгледување на сите анализи и факти, да дојдеме до заедничко решение што ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот, информира ресорно Министерство.

Од денеска и официјално стапува во сила времената мерка што ќе трае три месеци и е насочена кон сите држави кои извезуваат во Косово.

Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово за периодот јануари – јуни изнесува над 2,5 милијарди денари.

Косово МЗШВ царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.