Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Договорот не е давање и земање, туку компромис

0
By Нова ТВ on July 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 20, 2018 09:08

Меѓудржавните договори се резултат на компромис, склучивме договор со придобивки и за двете земји, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во говорот на крајот од конференцијата за правните аспекти на Договорот од Преспа што се одржа во грчкото МНР, објави МИА од Атина.

Коѕијас анализирајќи го решението меѓу Македонија и Грција, се осврна како на преговорите така и на придобивките за двете земји. Рече дека од времето на Контантинос Караманлис па се до денес, три прашања се однесувале на преговорите: името, неповредливоста на границите и постоењето или не на малцинство.

Министерот за надворешни работи на Грција говореше за членовите од Договорот поврзани со името и употребата, за јазикот, државјанството, но и за иредентизмот.

– Прашајте ме дали ми се допаѓа Северна Македонија. Не. Јас ќе сакав да се викаат Северна Алјаска, но веќе постоеше согласност за сложено име што ќе го содржи терминот Македонија. Терминот со децении постоеше во преговорите и сметам дека е неетички оние кои дадоа завршени работи да се претставуваат како поддржувачи на име што нема да содржи Македонија, рече Коѕијас.

Во однос на државјанството и националноста, објасни која е разликата и што е вклучено во Договорот, а за јазикот повтори дека е признат како македонски во ОН уште во 1977 година.

Упатувајќи критики до оние кои се против Договорот, Коѕијас истакна дека во Грција постојат два вида на политики: оние што сакаат решение и оние што се против решение.

– Сите оние кои го критикуваат Договорот од Преспа, уште не сум ги слушнал да кажат што точно требаше да дадеме. И уште не сум ги слушнал да кажат што добивме и кој е балансот меѓу она што требаше да дадеме и она што требаше да го земеме, рече Коѕијас и додаде дека „за противниците на Договорот, компромисот е пораз“.

Во однос на обвинувањата до грчката влада дека Грција го отворила патот кон НАТО и ЕУ за нашата земја, шефот на грчката дипломатија објасни дека поканата за Северно-атлантскиот сојуз е под услов да се имплементираат сите обврски што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Договор Коѕијас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.