НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов обид на лидерите да постигнат договор за ДИК и референдумот

0
By Нова ТВ on July 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре во 9 часот ќе се одржи нова рунда преговори меѓу четирите поголеми политички партии.

Премиерот Зоран Заев упатил покани до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса за лидерска средба, трета по ред.

На дневен ред е составот на ДИК, референдумското прашање, датумот на референдумот, но и условите на ВМРО-ДПМНЕ закон за финансирање на партии и „пржинска влада“ се очекува да се најдат на маса меѓу политичката четворка.

По последната лидерска средба не беше постигнат договор околу клучните прашања кои треба да го одблокираат процесот на формирање на ДИК и потоа за одржување на референдум за Договорот со Грција и за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба во петокот изјави дека разговорите траеле долго и на нив тема биле прашањата кои се суштински поврзани со референдумот, а со тоа и со формирањето на ДИК.

Заев не сакаше да навлегува во детали за кои прашања конкретно ставовите се приближени, а за кои и натаму има големи разлики, туку најави дека на следната средба ќе се разговара сé додека не биде постигнат договор.

Измените на Изборниот законик на дневен ред

Освен познатите барања на опозицијата, се бараат и измени во Кривичниот законик со кои би се овозможило функционери од ВМРО ДПМНЕ да избегнат кривична одговорност. Ниту од ВМРО ДПМНЕ ниту лидерот Мицкоски ова официјално не го потврдуваат, но дека вакво барање постои, наведва и изјавата на премиерот Заев, по минатонеделната лидерска средба, кога рече дека нема да има ниту директнаниту индиректна аменстија.

За утре на дневен ред на Собранието е Предлог-законот за измени на Изборниот законик, откако во петокот тој беше усвоен без расправа по 400 те амандмани поднесени од опозицијата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА изразува надеж дека лидерите на политичките партии ќе постигнат договор на претстојната средба и дека нема да биде никаков проблем тоа што е договорено Собранието да се спроведе и до крајот на месецот.

– Во спротивно, што не посакувам, процедурата што е започната може да се доведе до крај затоа што нема инструменти за попречување освен ако не мислиме на онаа навика кога ќе треба законот да се носи на потпис кај претседателот на државата па тој да одлучи исто како за двата претходни закони. Тоа веќе е еден од инструментите за попречување, вели Џафери.

Претседателот на Собранието посочува дека за Парламентот нема последен рок за распишување на референдумот бидејќи се уште нема определено датум за негово одржување.

 

лидерска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.