НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна лидерската средба

0
By Нова ТВ on July 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Клубот на пратенциите утрово почна лидерската средба за надминување на разликите односно постигнување политички договор во врска со прашања поврзани со претстојниот референдум и изборот на ДИК.

На лидерската средба присуствуваат лидерите на четирите најголеми парламентарни партии Зоран Заев на СДСМ, Али Ахмети од ДУИ, Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ и Билал Касами од БЕСА.

Ова е трета лидерска средба во последните пет дена. Првите две  се одржаа минатата недела, едната во проширен состав со присуство на  лидерите на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, а втората во скратен состав по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Мицкоски.

Власта бара од опозицијата поддршка за претстојниот референдум, додека опозицијата инсистира на усвојување на Законот за финансирање на политичките партии, измени во Законот за Влада според пржинскиот модел и измени во Кривичниот законик поврзан со амнестијата.

Освен познатите барања на опозицијата, се бараат и измени во Кривичниот законик со кои би се овозможило функционери од ВМРО ДПМНЕ да избегнат кривична одговорност. Ниту од ВМРО ДПМНЕ ниту лидерот Мицкоски ова официјално не го потврдуваат, но дека вакво барање постои, наведува и изјавата на премиерот Заев, по минатонеделната лидерска средба, кога рече дека нема да има ниту директнаниту индиректна аменстија.

За денеска закажана собраниска седница

Формирањето на ДИК, без што не е можно да се одржи референдумот е едно од горливите прашање, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара усвојување на Законот за финансирање на политичките партии и измени на Законот за Влада, според пржинскиот модел пред секои избори, како услов за формирање на ДИК.

Според актуелниот закон, ДИК се бира со двотретинско мнозинство во Собранието, а според договореното меѓу власта и опозицијата претседателот на Комисијата би бил од опозициската партија. Одлуката за распишување на референдумот ја носи Собранието и откако ќе ја донесе тој мора да се одржи не порано од 60 дена, ниту подоцна од 90 дена од распишувањето.

На дневен ред на денешната собраниска седница, како 12 точка е Предлог-законот за измени на Изборниот законик, откако во петокот тој беше усвоен без расправа по 400 те амандмани поднесени од опозицијата. Со измените се предвидува изборот на нови членови на ДИК, наместо со двотретинско мнозинство, да се врши со 61 пратеник.

Заев изјави дека измените ќе чекаат договор на лидерските средби, но се додека е тоа можно. Потоа тие ќе се гласаат во Собранието.

лидерска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.