НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев нема да бара оставка од функционерите поврзани со грантовите

1
By Нова ТВ on July 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев вели дека нема да побара оставки од функционерите за кои имаше реакции во јавноста за поврзаност со фирми кои добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој, затоа што, според него, тие се повлекле и не го кршеле законот.

– Ако така бараме оставки потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта. Тие апсолутно постапуваат етички, излегоа на прес-конференции да ги кажат своите ставови и тоа е фер однос. Проблемот е што во минатото не се откажуваа  и оставаа до крај  впечаток дека нешто не е етички или коректно, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Заев рече дека со законот е дозволено  ите фирми да аплицираат, а кога јавноста реагирала будно, етичкиот дел на самите министри и на другите функционери се разбудил, тие сами ги повлекле апликациите на фирмите во кои што имаат  свој удел, а еден дел од нив тргнале да ги продадат своите удели.

– Мене ми требаат овие функционери, јас работам со нив, ги знам нивните капацитети и драго ми е што реагираат вака за да повлечат апликации и да дадат шанса при одлучувањето за сите други компании. Верувам дека ваквиот однос е транспарентен и чесен кон граѓаните, изјави премиерот.

По реакциите во јавноста за распределбата на грантовите преку Фондот, директорот на оваа институција Јован Деспотовски, вчера ги повика 79. компании добитници на финансиска поддршка со првиот инвестициски бран, да достават информација за сопственичката структура и евентуална поврзаност со носители на јавни функции и членови на нивни семејства. Потоа ќе се побара Комитетот за оценување повторно да одлучува дали ги исполнуваат критериумите за добивање на парите.

Во врска со овој случај, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пак, завчера оформи предмет по допрен глас. Обвинителството презема дејствија за утврдување факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.​

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој беше прозван во јавноста за грантот што го доби компанијата „Кастинвест“ каде е коспоственик, а од кој и се откажа, како и пратеникот од СДСМ Хари Локвенец, рече дека ги испочитувал сите законски аспекти и го охрабри обвинителството да го истражи случајот.

Анѓушев Заев Фонд за иновации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.