Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фонд за иновации:15 дена рок за фирмите да кажат кои им се сопственици

1
By Нова ТВ on July 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 24, 2018 14:54

Сите 79 компании од првиот инвестициски бран на Фондот за иновации и технолошки развој во рок од 15 дена треба да достават изјава со која што ќе потврдат односно негираат дали во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција или член на неговото потесно семејство.

– Фондот за иновации и технолошки развој не е истражна институција, сопственичката структура не е критериум за одлучувањето, но во интерес на траспарентноста и кредибилитетот на целиот процес во којшто верувам длабоко ќе ги повикаме сите компании да се декларираат самите дали има во сопственичката структура некој што е носител на функција, рече денеска на прес-конференција директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

За оние компании кои ќе го декларираат тоа, најави Деспотовски, во рок од 15 дена како директор на Фондот согласно насоките кои ги добив од премиерот и неговата изјава, ќе побарам од Комитетот за одобрување на инвестициите повторно да ги разгледа тие проекти. Ќе се побара од Комитетот да испита дали компаниите кои ќе декларираат потенцијален конфликт на интерес навистина ги исполнуваат сите критериуми.

Според Деспотовски, ова е една од активностите што ги презема Фондот по реакциите во јавноста околу распределбата на грантовите со повикот на Фондот на кој аплицираа 235 компании, од кои за 160 е донесена позитивна одлука за доделување грантови, а за 30 за условено вложување.

Како што најави, за следниот јавен повик секоја компанија при аплицирањето ќе треба да декларира дали во сопственичката структура има лица кои се носители на јавни функции или членови на нивни семејства.

Со 79. компании опфатени со првиот инвестициски бран се уште не се потпишани договори  и не е исплатен ниту денар буџетски пари.

–  Да сакавме да сокриеме нешто ќе ги  потпишевме договорите, па ќе ги објавевме резултатите, рече Деспотовски.

Одговарајќи на новинарски прашања појасни дека сопственичката структура не е критериум за оценување и оти таа се зема предвид кај инструментот иновативност и само од аспект на тоа дали доминантни сопственции на компанијата се државјани на Република Македонија.

Деспотовски тврди дека дополнителното разгледување на евентуалните проекти што би декларирале поврзаност во сопственичката структура со носители на јавна функција нема да го одолговлечи процесот на распределба на парите со повикот.

– За тие што ќе се изјаснат дека нема такво нешто постапката си тече, ќе ги потпишеме договорите и ќе почнеме со реализација на средствата. Ако во првата група има компании кои ќе се повлечат поради конфликт на интереси парите автоматски ќе ги искористиме за фирмите кои се веќе на листа на чекање бидејќи имаме многу поголем обем на одобрени  проекти отколку средства на располагање, појасни Деспотовски.

Како што информираше, 79 компании од првиот инвестициски бран предвидуваат инвестици од 20 милиони евра, од кои  10,5 милиони евра се државни средства, а девет милиони евра приватни. Во нив ќе бидат анагажирани 460 лица, од кои 85 ќе бидат нови вработувања, а ќе се исплаќа просечна плата од 48.000 денари.

Пристигнатите проекти од компаниите на повикот што беше распишан на 27 април годинава и траеше 45 дена, ги оценуваа 80 домашни и пет надворешни експерти.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал вечра соопшти дека е оформен предмет по допрен гласа по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, за евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран“.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот од СДСМ Хари Локвенец чии фирми во содружништво со други добија грантови од овој Фонд, по реакциите од јавноста, ги повикаа да се откажат.

 

сопствеништво фирми Фонд за иновации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.