Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев ги повика колегите на Кастинвест да се повлечат од грантот

4
By Нова ТВ on July 22, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 22, 2018 14:04

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги повика ко-сопствениците на неговите фирми да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат и покрај тоа што тој не гледа причина “зошто вработените во компаниите во кои имам удел, поради мојата функција треба да бидат дискриминирани”.

Еве ја неговата изјава во целост:

„Со оглед на последните случувања и реакции во јавноста сакам да истакнам дека јас сум делумно сопственик на повеќе фирми во Република Македонија кои вработуваат вкупно над 1000 луѓе. Сите компании во кои имам сопственички удел самостојно растат, се развиваат и извезуваат готови производи на пазарите во ЕУ и САД со што повеќекратно допринесуваат во вкупниот БДП на земјава.

Сето ова е пријавено уредно во анкетниот лист. Согласно законот, откако стапив на функција вице-премиер, го испочитував во целост и се откажав од управувачките функции во компаниите и, како што ветив, ја продадов ЕДС. Ги повикувам институциите да го проверат истото.

Фирмите се развиваат согласно пазарните услови и треба да имаат фер третман. Јас не можам да бидам пречка и да го сопрам истото и да влијаам врз одлуките што ги носат доминантните сопственици. Не гледам причина зошто вработените во компаниите во кои имам удел, поради мојата функција треба да бидат дискриминирани.

Сепак поради настанатата ерозија на вредностите и искривената перцепција која се има акумулирано во последните 10 години во услови на нетранспарентно управување и владеење јавноста, е разбирливо сензитивна. Со оглед на ова ги повикав моите колеги ко-сопственици да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат.

Фактот дека менаџментот на Кастинвест ја спаси единствената леарница од стечај и го рестартираше производството и вработи 100тина луѓе, ме прави оптимист дека ќе изнајдат начин да го реализираат проектот самостојно.

Планот за економски раст е модел врз кој се темели владината економска политика за раст и развој на компаниите на кои им се обезбедувааат еднакви услови и фер третман за сите . Не смееме да дозволиме да се фрли каква било дамка на целиот процес кој патем е кристално чист – транспарентни кртериуми, јасно дефинирани услови и фер шанса за сите кои ги исполнуваат – тоа се принципите врз кои ја градевме програма за економски раст. Јас длабоко сум убеден дека економија изградена на поддршка на компании кои се развиваат е успешна економја која нуди повисоки плати и подобар животен стандард за граѓаните.„

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.