НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожарите на Атика се подметнати, ветерот помогнал во ширењето

0
By Нова ТВ on July 27, 2018 СВЕТ
Фото: катимерини
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постојат сериозни не само индикации, туку и сериозни податоци што покажуваат дека станува збор за криминално дело и за подметнување на пожарот, рече министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Тоскас, на синоќешната вонредна прес конференција одржана во Министерството за цивилна заштита на Грција, во присуство на портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос и началниците на грчката полиција и противпожарната служба на Грција, јави МИА од Атина.

Потпалувањето во комбинација со лошите временски услови, односно силниот ветер, се главните причини за катастрофата што во понеделникот вечерта го зафати источниот дел на областа Атика.

Тоскас на прес конференцијата говорел за појавувањето на повеќе жаришта за мал временски период, за подметнување, но не откри детали, во интерес на истрагата што е во тек.

Во однос на исчезнатите, грчкиот министер за цивилна заштита рече дека ситуацијата постојано се менува.  Од листата веќе се избришани 4 лица, за кои е потврдено дека се живи, меѓу кои и брачна двојка британски туристи кои се воделе за исчезнати, но потоа дознале дека тие веднаш по пожарите се качиле во првиот авион за Британија и заминале. Идентичен е примерот со Грци за кои се мислело дека се исчезнати, а тие биле во нивниот дом во Атина.

Сепак, се уште не постои конкретен број и конкретна листа со луѓе што се водат за исчезнати.

Признание за пожарникарите и полицајците

Тој истакна дека чувствува одговорност за трагедијата и дека уште во вторникот му ја доставил на грчкиот премиер неговата оставка, но Ципрас не ја прифатил.

-Се обидувам да најдам грешки, поради совеста, но оперативно, не наоѓам големи грешки. Од совесни причини, уште следниот ден, ја доставив мојата оставка до премиерот, но не ја прифати и ми рече дека продолжуваме со битката, рече Тоскас.

Фото: АНА МПА

Во однос на грешките, началникот на противпожарната служба на Грција, Сотирис Терзудис,  прашан дека доколку би можел да го врати времето назад, дали би сменил нешто во операцијата, рече дека „не би сторил ништо поразлично од она што го направил, бидејќи се работи за природна катастрофа.

Терзудис објасни дека биле потребни помалку од еден и пол час за пожарот да се прошири и да ја зафатен целата населба и било невозможно да се спроведе план за евакуација на населението.

-Целата катастрофа се случи во рок од еден и пол час, рече министерот за цивилна заштита, Никос Тоскас.

Тој им се заблагодари на пожарникарите и полицајците, кои спасиле многу многу луѓе.

Фото: Polaris

-Грчката влада и сите оние кои што водеа битка сите овие денови, длабоко жалиме за загубата на десетици наши сонародници, но во исто време сме и горди за пожарникарите, полицајците и доброволците кои се бореа и уште се борат за да спасат човечки животи во оваа трагедија, рече портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос.

На синоќешната вонредна прес конференцијата, надлежните говореа дека регионот годинава е зафатен со исклучително лоши временски услови, силен ветер каков што не бил регистриран во изминатите 8 години во Грција, а ги презентираа и резултатите од истрагата направена со помош на сателити од вселенските служби од други земји за жариштата од каде што започнаа двата големи пожари, прво во западниот, а потоа во источниот дел на областа Атика, онаму каде што животот до сега, го загубија 85 лица, меѓу кои има и странци.

Грција загинати исчезнати подметнати пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.