Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идентификувани дел од учесниците во инцидентите на Мечкин Камен

0
By Нова ТВ on August 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 3, 2018 14:01

Полицијата, преку видео снимките идентификувала дел од лицата кои  ширеа говор на омраза и кои фрлаа со предмети кон странски дипломати и владината делегација.

Од утрово во полициските станици повеќемина од нив се повикани на разговор, дел од нив уште се идентификуваат и штом биде целосно завршена оваа истрага, МВР ќе ги достави сознанијата во ОЈО, соопштуваат од МВР.

За недоличните и навредливите коментари кои дел од присутните ги упатија кон Албанците  реагираше и Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, кое ја осуди „употребата на јазикот на омраза и антиалбанските расистички извикувања“ на вчерашното одбележување на Илинден на Мечкин Камен со надеж дека ваквите недолични однесувања ќе останат само изолиран случај.

– Веруваме дека ова е однесување на една мала група луѓе поттикнати од екстремни националистички чувства и се надеваме дека таквите инциденти кои вклучуваат етничка омраза ќе останат изолирани. Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија ги повикува одговорните институции да спроведат истрага против поттикнувачите на насилство и да ги изведе пред лицето на правдата, стои во реакцијата на Министерството.

Меѓу оние кои учествувале во инцидентите, бил и професионален војник. Министерството за одбрана соопшти дека формирало комисија која ќе утврди какви санкции ќе се преземат против војникот.

Од Кабинетот на Претседателот изразија жалење за инцидентите, но јасно не го осудија говорот на омраза.

„Жалиме што владината делегација беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов, бидејќи тој никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза. Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците“, стои во писменото соопштение од Кабинетот на претседателот.

 

 

говор на омраза инциденти МВР Мечкин Камен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.