Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за вработување: Над 7.100 слободни работни места

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 4, 2018 10:32

На пазарот на труд во Македонија моментно има 7.145 слободни работни места според податоците што се објавени на интернет страницата на Агенцијата за вработување.

Магационери, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерцијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, специјалисти за човечки ресурси, бравари, општи администратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање на патувања, се само дел од огласените работни позиции.

Статистичките податоци покажуваат дека во првиот квартал од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,68 отсто.  Најголем број слободни работни места, односно 2.929, биле во групата услужни дејности и продажба.

Како што покажува анкетата на работна сила, покрај услужниот, и индустрискиот и градежниот се сектори со најголем раст на вработеноста во првиот квартал од годинава.

Стапката  на  вработеност во првиот квартал изнесува 44,6 проценти и во однос на истиот период лани е повисока за 0,9 процентни поени.

Бројот на вработени лица е повисок за 2,2 процента, односно за околу 16 илјади лица, во однос на истиот квартал минатата година, при што најголем раст на вработеноста се бележи во индустрискиот сектор (8.700 или 5,2 проценти) по што следуваат градежниот (4.8оо или 9,4 проценти) и услужниот сектор (2.700 или 0,7 проценти), се наведува  во документот.

Анализирано според економскиот статус, раст на вработеноста има кај сите категории, освен кај семејните работници. Така, бројот на вработени лица е зголемен за 13.500 или 2,4 проценти, а бројот на работодавачи за 3,200 или 9,4 проценти

Растот на вработеноста е придружен со пад на бројот на невработени, којшто е намален за приближно 12 илјади лица, односно 5,4 проценти на годишна основа. Таквите движења на пазарот на трудот предизвикале стапката на невработеност во првиот квартал годинава да се намали на 21,6 проценти, односно за 1,3 процентни поени споредено со истиот квартал во 2017 година.

Гледано по возрасни групи, невработеноста е намалена кај сите групи, при што најзначајно намалување има кај централната возрасна група од 25 до 49 години, а која изнесува 21 процент.

Бројот на активното население е зголемен за четири илјади лица, односно за 0,4 проценти на годишна основа.

Активното население во првиот квартал 2018 година претставува 56,9 проценти од вкупното работоспособно население што е за 0,2 процентни поена повеќе во споредба со истиот квартал лани.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 24.509 денари.

Агенција за вработување Пазар на труд Работни места
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.