Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми ја продолжи соработката со Динамо Загреб и потпиша нов петгодишен договор.
Адеми, капитен на загрепскиот тим, нагласи дека воопшто не се двоумел за останување во клубот кој застана зад него додека ја отслужуваше суспензијата поради допинг.
„Пресреќен сум што го потпишав овој договор, а тоа покажува колку е голема љубовта меѓу мене и клубот. Во ниту еден момент не се двоумев. Динамо беше со мене кога ми беше најтешко. Сакам повторно да играме во Лигата на шампиони и да освојуваме титули“, истакна Адеми.
Летово за македонскиот репрезентативец интерес пројавија повеќе европски клубови, а најсериозна беше понудата од француски Лил.