Фудбалерите на Црвена звезда не успеаја до предност на домашен терен во дуелот со Спартак Трнава во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони. „Црвено-белите“ одигра 1:1 на стадионот „Рајко Митиќ“ и за патникот за плеј-оф ќе решава реваншот во Словачка наредната недела.
Срепскиот првак поведе со голот на Бен во 23. минута од пенал, две минути подоцна израмни Грендел и резултатот остана непроменет до крај на средбата.
Динамо Загреб е, речиси, учесник во баражот за ЛШ со оглед на триумфот во Казахстан над Астана со 2:0. Стрелци за „модрите“ беа Будимир во 39. минута и Олмо во 84. минута за формален реванш на „Максимир“.
Гостински триумф и на БАТЕ Борисов. Претставникот на Белорусија славеше над Карабаг со 1:0, а единствениот погодок во Баку го постигна Драгун во 36. минута.
Без победник завршија мечевите во Прага меѓу Славија и Динамо Киев (1:1), во Лиеж меѓу Стандард и Ајакс (2:2) и во Малме меѓу истоимениот шведски домаќин и Видеотон на Бобан Николов.
Квалификациите за Лигата на шампиони продолжуваат утревечер со уште три средби. Меѓу нив и настапот на Шкендија против Салцбург од 19 часот на „Ред Бул“ арена.
Квалификации за Лига на шампиони
Трето коло, први мечеви
Бенфика – Фенербахче 1:0
Црвена звезда – Спартак Трнава 1:1
Стандард Лиеж – Ајакс 2:2
Славија Прага – Динамо Киев 1:1
Малме – Видеотон 1:1
Карабаг – БАТЕ Борисов 0:1
Астана – Динамо Загреб 0:2
Реваншите се закажани на 14/15 август.