НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе одлучува за разрешувањето на директорот на БЈБ

0
By Нова ТВ on August 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако внатрешната истрага во МВР утврди дека е направена повреда на процедурата за службено патување, Владата денеска на седница ќе расправа за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски.

По внатрешната истрага што ја спроведе, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот на месецот, откако во дел од медумите беа објавени фотографии од службеното возило „Ренџ ровер“, за кој е задолжен Велковски, во камп во Грција и написи дека всушност ќерката на директрот на БЈБ со возилото е превезена дотаму, беше утврдено дека не била запазена процедурата за службено патување. И покрај налогот не било потпишано решение за службено патување.

Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот бил пратен во Грција со налог кој го потпишал самиот Велковски. Во својот исказ тој изјавил дека „Ренџ роверот“ го ангажирал поради крајна нужност, односно бидејќи подолго време му се заканувале и нему и на неговото семејство.

На 2 август, на државниот празник Илинден, кога џипот бил во Грција, Велковски бил работно ангажиран за прославата.

Велковски е еден од блиските соработници на Заев и Спасовски, а премиерот вчера изрази уверување дека тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР, бидејќи е важен поради неговото искуство.

– Исправен пред заканите што од минатото биле насочени кон него и кон неговото семејство ја направил грешката, рече Заев и демантира дека неговата смена  е резултат на внатрепартиски пресметки во СДСМ.

Додаде дека неговото разрешување е чин на понесување  одговорност, нешто што граѓаните на земјата го очекуваат од носителите на јавни функции.

На денешната владина седница ќе се разгледа  барањето за разрешување на Велковски, а Заев вчера рече  дека не се знае кој ќе го замени и дека засега воопшто и не биле разгледувани имиња, со оглед на тоа што тој е презадоволен од неговата работа и оваа ситуација го затекнала.

За можните негови наследници ќе се разговара понатаму.

– Имиња за негов наследник се уште немаме, не сме размислувале, бидејќи не се надеваме дека ќе се случи ваква грешка. Ќе ни треба време да најдеме вистинско решение, рече Заев.

Велковски е дипломиран криминалист. Во МВР е вработен од 1991 година. Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во МВР и Агенција за разузнавање.

Извршувал високи раководни функции, меѓу кои началник на СВР-Велес и на СВР-Скопје, помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ. Во периодот од септември 2006 до ноември 2015 извршува работни задачи во Агенцијата за разузнавање.

До 2002 година бил припадник и на Посебните едниници на полиција при што учествувал во многубројни акции и операции при нарушен ЈРМ од поголем обем и други сложени безбедносни појави на подрачјето на цела територија на Република Македонија. Поседува потврда за бранител.

БЈБ Велковски Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.