Силен земјотрес го погоди Ломбок, две недели по земјотресот на овој индонезиски остров во кој загинаа повеќе од 460 луѓе. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,3степени во североисточниот дел на Ломбок, на длабочина од 7 километри.
За сега нема извештаи за евентуални жртви и за материјална штета, пренесува агенцијата Франс прес.
Репортер на агенцијата АП што се наоѓа на островот Ломбок објави дека потресот предизвикал одрони на повисоките предели и паника меѓу жителите на селата.
Во земјотресот со магнитуда од 7 степени што го погоди Ломбок на 5 август, предизвика оштетувања на илјадници куќи и беше причини за стотици илјади луѓе да ги напуштат своите домови.
Индонезија е подложна на сеизмечки пореметувања бидејќи се наоѓа на тнр. Пацифички огнен појас.
Во декември 2004 година, силен земјотрес кај островот Суматра предизвика цунами во кое загинаа над 230.000 луѓе во десетина земји.